Разлика помеѓу преработките на „Мерилин Монро“

Додадени 12 бајти ,  пред 1 година
поврзница деколте
(→‎Белешки: дополнување)
(поврзница деколте)
Голем дел од коментарите на критичарите по појавувањето на филмот се фокусира на изразено сексуалната глума на Монро, а сцената која ја покажува Монро (одназад) како ужива во една долга прошетка кон [[Нијагарини водопади|Нијагарините водопади]], е често прибележана во рецензиите. По гледањето на филмот, [[Констанс Бенет]] наводно саркастично забележал: „Ете една женска чија иднина е зад неа“.<ref>Не сосема преводлива, едновремено можеби и песимистичка и помалку вулгарна, игра на зборови: „There's a broad with her future behind her“ (broad е навредливо и може да значи и проститутка, а behind едновремено и „зад“ и „задник“: како иднината на Мерилин да ѝ зависи од тоа колку ќе го покаже својот задник, но – и во својата помрачна варијанта – дека толку од нејзината филмска кариера).</ref> Вајти Снајдер вели дека, за врмее на подготовката на филмот, Монро го постигнува, по многу експериментирање, „изгледот, и ние го искористивме тој изглед за неколку филма што следеа... изгледот беше востановен".
 
Иако филмот е успешен и изведбата на Монро е пречекана со позитивни коментари, нејзиното однесување на промотивни настани понекогаш привлекуваше негативни прибелешки. Нејзиното појавување на вечерата за доделување на награди од ''Photoplay'' во до кожа тесниот златен ''lamé'' фустан е критикувано. [[Лоуела Парсонс]], во својата колумна ја цитира [[Џоан Крафорд]] која, пак зборувала за „вулгарноста" на Монро и за тоа дека нејзиното однесување е „недостојно за една актерка и дама". Монро претходно е критикувана и за носењето на [[фустан]] со [[деколте]] спуштено речиси до нејзиниот папок кога се појавува како ''Големиот Маршал'' на парадата на Мис Америка во септември 1952 година.<ref>Summers, 71.</ref> Една фотографија од овој настан е искористена за насловната страница на првото издание на ''[[Плејбој]]'' од декември 1953 година, со гола фотографија од гола Монро, сликана во 1949-тата година, внатре во списанието.
 
=== Мејнстрим успех ===
==== Мажите повеќе сакаат русокоси ====
[[Image:Marilyn Monroe in Gentlemen Prefer Blondes trailer.jpg|thumb|Изведувајќи ја "Diamonds Are a Girl's Best Friend" во ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' (1953)]]
Нејзиниот следен филм е ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' (1953) во кој игра покрај [[Џејн Расел]], во режија на [[Хауард Хокс]]. Нејзината улога како Лорелај Ли, танчерка[[танчар]]ка што оди по пари, бара од неа да глуми, пее и танцува. Двете ѕвезди стануваат пријателки, а Расел ја опишува Монро како „многу срамежлива и многу слатка и далеку поинтелигентна од тоа што луѓето велат дека е“. Подоцна таа се сеќава дека Монро ја покажувала својата посветеност со вежбање на своите танцови точки секоја вечер дури и откако кога поголем дел од екипата ке си заминела; како по навика, сепак, вообичаено пристигнувала доцна на сетот за снимање. Откако открива дека Монро останува во нејзината соблекувална до подоцна поради трема и дека Хокс е сè понестрплив со нејзиното доцнење, Расел почнува да ја придружува до сетот.<ref>Russell, p. 138.</ref>
 
На премиерата на филмот во [[Лос Анџелес]], Монро и Расел ги врежуваат своите раце и стапалки во цементот на дворот од Граумановиот Кинески театар. Монро е оценета позитивно од критиката, а филмот заработува повеќе од двојно од тоа колку чини неговата продукција.<ref>Churchwell, p. 63.</ref> Нејзиниот препев на „Дијамантите се најдобриот пријател на девојката“ оттогаш е речиси поистоветен со неа. ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' е, исто така, еден од најраните филмови во кои [[Вилијам Травила]] ја облекува Монро. Травила ќе ја облекува Монро во осум од нејзините филмови, вклучуваќи ги ''[[Автобуска станица]], [[Нема потреба да тропаш]], [[Како да се омажиш за милионер]], [[Реката на неповратот]], [[Не постои бизнис како шоу бизнис]], [[Мајмунска работа]]'' и ''[[Седум години верност]]''.<ref>{{cite web|author=11:25 AM |url=http://www.palmspringslife.com/Blogs/The-Life/January-2009/The-Man-Who-Dressed-Marilyn-Monroe-the-legendary-William-Travilla/ |title=Palmspringslife.com |publisher=Palmspringslife.com |date=January 13, 2009 |accessdate=2010-03-02}}</ref>