Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

На 30 јули со 68 гласа „за“ и без „против“ и „воздржан“, без присуство на пратениците од [[ВМРО-ДПМНЕ]] кои ја напуштиле салата, била донесена одлука од Парламентот за распишување на консултативен референдум на кој ќе биде поставено прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тогаш се изјаснила дека со тоа што референдумот ќе биде консултативен, се отвора можност резултатите да се толкуваат по слободна волја. Нивниот пратеник Никола Мицевски пак образложил дека „референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста“.<ref>{{нмс|title=Референдум на 30 септември|url=https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-30-%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8/a-44886678|work=Дојче Веле|date=30 јули 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref>
 
Референдумот се одржал како и предвиденото, на 29 септември гласале болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор како и [[Македонска дијаспора|дијаспората]], а на 30 септември сите останати граѓани на Македонија. Право на глас имале 1.806.336 гласачи. Референдумот не ја постигнал потребната излезеност од 50 отсто и на него гласале само 36,91 отсто од населението односно 666.743 граѓани. Од граѓаните кои излегле и гласале, „За“ заокружиле 609.813 граѓани, а „Против“ биле 37.700 граѓани. Имало дури 19.221 неважечкo ливчe.<ref>{{нмс|title=На референдумот гласале 666.743 граѓани, „За“ гласале 609.813, „Против“ 37.700|url=https://sdk.mk/index.php/makedonija/na-referendumot-glasale-666-743-gragani-za-glasale-609-813-protiv-37-700/|work=Сакам Да Кажам|date=1 октомври 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref> Според властите референдумот претежно поминал во мирна атмосфера. Регистирани биле неколку инциденти, повеќето со неовластено снимање и фотографирање гласачи, закани и напади врз гласачите.<ref>{{нмс|title=Инциденти на гласањето за референдумот|url=https://www.24.mk/incidenti-na-glasanjeto-za-referendumot|work=24 Вести|date=30 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Австралија: Закани и навреди за гласачите на референдумот|url=https://www.dw.com/mk/%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82/a-45687245|work=Дојче Веле|date=29 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Фејсбук-малтретирање на оние кои гласаат на референдумот во дијаспората|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29516188.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=29 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref>
 
== Наводи ==