Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ред 36:
| publisher = www.makedonskibiser.com.mk }}</ref> и нејзиниот правец на протегање е меридијански, север - југ, зафаќајќи должина од 80 километри<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1128</ref> и продолжувајќи кон [[Егејска Македонија]].
 
== Природно-географски и релејфнирелјефни одлики на Пелагонија ==
[[Податотека:Pelagonian fields.jpg|мини|250п|лево|Пелагонија на зајдисонце.]]
Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка [[Македонија]]. Таа денес се протега во две држави: [[Република Македонија]] и [[Егејска Македонија]]. Се состои од [[Битолско Поле|Битолското]] и [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] во басенот на [[Црна Река]] и нејзините притоки во [[Република Македонија|Македонија]] и [[Леринско Поле|Леринското Поле]] во [[Егејска Македонија]]. Поради својата пространост и големина, полињата во котлината се поделени на помали пределни целини како: Заградско Поле, Садово Поле, Српополе (Српот) во Прилепско, Гладно Поле на преодот и Ѓаватско Поле, Моштенски села (поле) во Битолско, Буф-кол во Леринско. Котлината е опкружена со планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Бушева Планина]] од запад, [[Даутица]] од северозапад, [[Бабуна]] од североисток, [[Селечка Планина]] и [[Ниџе]] од исток, додека на југ и југозапад е оградена со падините на [[Нередска Планина]]. Во минатото во времето на терцијарот Пелагонија била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна и алувијална почва. Просечната надморска височина на рамнината изнесува 650 метри и се движи од 710 до 615 метри во Прилепското поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле со вкупна површина од 120,600 хектари. Низ Пелагонија тече Црна Река со притоките: [[Блата]], [[Шемница]], [[Драгор]] и [[Сакулева Река|Елешка (Сакулева) Река]]. Целата речна и водена мрежа претставува дел од егејското сливно подрачје.