Срна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 14:
Срнскиот дивеч е најраспространет во [[Средна Европа]]. Најброен е во [[Западна Германија]], [[Чешка]], [[Словачка]], [[Данска]] и во [[Австрија]]. Во нашата земја, [[Македонија]], срнскиот дивеч е распространет речиси насекаде, во најразлични популации. Го има на речиси сите поголеми шумски комплекси, како што се : [[Бистра (планина)]], [[Шар Планина]], [[Стогово]], [[Јабланица]], [[Плакенска Планина]], [[Илинска Планина|Илинска планина]],[[Баба (планина)]], [[Кајмакчалан]], [[Бабуна]], [[Кожуф]], [[Плачковица]], [[Малешевски Планини]] и др.
 
==Анатомија==
==Анатмоја==
Телото на срнскиот дивеч од надворешна страна е симетрично развиено и витко. Нозете му се тенки и долги. Во должина може да израсне и до 140 см., а во висина до 75 см.. Во тежина може да достигне до 40 килограми( најчесто од 25 до 30 килограми). Бојата на летните влакна му е ’рѓесто-црвеникава, додека в зима, нивната боја е костенливо-пепеласта, приспособена на бојата на сувиот шумски лист. Задниот дел од телото е обраснат со бели влакна, наречени ''огледало''. Младото срнче има темно-кафена [[боја]], ишарана со бели дамки. Ови шарки на младото му остануваат сè до [[есен]]та. Срните, во текот на годината, два пати се митарат т.е. ги менуваат влакнатана телото(во пролет, и во почетокот на есента).
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Срна