Благој Истатов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Благој Истатов е роден на {{роден на|5|април|1947}} година во {{роден во|Струмица|}}. Како мал се занимавал со борење, за да во [[1963]] година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во [[1983]] година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на [[Стадион Младост|стадионот Младост]] во [[Струмица]].
 
За ФК Беласица настапувал до [[1968]] година, кога потпишал за [[ФК Победа]] од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во [[1973]] година потпишал за белградски [[ФК Партизан]], за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за [[ФК Утрехт]]. Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига.
 
Истатов има настапувано и за [[Фудбалска репрезентација на Југославија|Фудбалската репрезентација на Југославија]].
 
== Тренерска кариера ==
 
Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога [[ФК Беласица]] доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години, Благој Истатов тренер и на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа бил и тренер и на голманите на [[Фудбалска репрезентација на Македонија|Фудбалската репрезентација на Македонија]], како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, член на УО на ФФМ.
 
== Приватен живот ==