Благој Истатов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
За ФК Беласица настапувал до [[1968]] година, кога потпишал за [[ФК Победа]] од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во [[1973]] година потпишал за белградски [[ФК Партизан]], за која екипа имал одиграно 44 натпревари. Од 1976 до 1978 година настапувал за [[ФК Утрехт]]. Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години бил тренер и на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа, бил тренер и на голманите на [[Фудбалска репрезентација на Македонија|Фудбалската репрезентација на Македонија]].
 
Во последните години од животот Истатов живеел и работел во [[Дојран]], каде основал фудбалска школа во [[Дојран]], а во [[2010]] година истото го направил и во [[Струмица]] ([[Градско Балдовци]]). Школата на Истатов е под патронат на [[ФК Партизан|Партизан]] и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец [[август]] [[2010]] година<ref>[http://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=123&Itemid=174&lang=mk www.strumica.gov.mk]</ref>. Како бизнисмен го поседувал и Хотел „Истатов“ во [[Нов Дојран]].
 
Истатов починал на 27 септември 2018 година.<ref>{{нмс|title=Тажна вест: Почина легендарниот Благој Истатов|url=https://sport1.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/tazhna-vest-pochina-legendarniot-blagoj-istatov|work=Спорт 1|date=27 септември 2018|accessdate=27 септември 2018}}</ref>