Јован Јовановиќ-Змај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
 
==Творештво==
Змај дебитирадебитирал со песната „Пролетно јутро“, и тоа како ученик во [[Пожун]], во [[1852]] година. Песната ебила потпишана со псевдонимпсевдонимот Осман„Осман“. Како поет, Змај се јавувапојавил во време кога српската поезија минуваминувала низ тешка криза, и таканаречената „објективна лирика“ веќе ебила минато.
 
Ј.Ј. Змај зачекорил во српската книжевност во педесеттите години на [[19 век]]: почнувајќи од [[1852]] година, тој започнал интензивно да ги објавува своите песни во списанијата „Летопис“, „Седмица“, „Фрушкогорка“ и „Невен“, најпрвин потпишувајќи се со псевдонимот Осијан. Првите негови песни биле под видливо влијание на [[Бранко Радичевиќ]] и на поетите собрани во „Славјанка“, но неговото поетско созревање траело кратко време. Во исто време, Змај го открил богатството на народната лирска [[поезија]], а интензивно ги читал унгарските и германските поети, особено [[Шандор Петефи|Петефи]] и [[Хајнрих Хајне|Хајне]]. Со текот на времето, тој се запознал со речиси сите тогашни европски поети и веќе кон крајот на педесеттите години на 19 век го направил преминот од почетнички поетски обиди кон посериозни уметнички творби. Од тој период потекнува песната „Разговор со [[срце]]то“ (Разговор са срцем) која подоцна ја вклучил како воведна песна во збирката „Трендафилчиња“ (''Ђулиħи''). Веќе во [[1860]] година, Змај бил познат и ценет српски поет, а особено бил сакан од страна на младината, која неговите песни ги ставала на трето место, веднаш по народните и по Радичевиќ.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 5-6.</ref>
Ред 52:
Збирката „Трендафилчиња“ обилува со душевна ведрина, спокојство и ведри [[стих]]ови од типот на „Колку е убав овој свет...“. Основните карактеристики на оваа збирка се: отсуството на длабоки и силни возбудувања и на високи поетски излети; едноставноста на чувствата и на поетските изразни средства; идилично-старинска и реалистична интонација итн. Во таа смисла, Змај е поет со краток поетски здив, кој не е способен да одржи посилен емоционален интензитет преточен во подолга поетска творба. Како последица на тоа се забележува одредено повторување, па дури и шематизација на поетските слики и фрази. Таквите слаби моменти се забележуваат и во збирката „Трендафилчиња“ во кои често се среќаваат стихови, строфи, па дури и цели песни кои неприродно стрчат од хармоничната целина на збирката, а како послаби моменти се јавуваат и некои песни во кои тој извештачено парадира со српството и со [[Косово]]. Делумно, овие недостатоци се должат на фактот дека песните во оваа збирка биле создавани во подолг временски период.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 8-11.</ref>
 
Настаната под влијание на големата семејна несреќа, збирката „Овенати трендафилчиња“ се одликува со посилна и поинтензивна лирика во споредба со „Трендафилчиња“. Притоа, Змај останал доследен на својот нагонски оптимизам и само во две-три песни тој се јавува како [[Бајрон|бајроновски]] бунтовник против [[Бог]]а, природата и [[смрт]]та. И оваа збирка била создавана во подолг временски период, така што постепено слабееле неговите болни чувства, со што целината на збирката делумно била разводнета со присуството на некои послаби песни.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 12-13.</ref>
 
Посебно место во поезијата на Змај имаат неговите патриотски песни. Тој бил еден од основачите и главните луѓе на „Обединетата српска младина“ (Уједињена омладина српска), прогресивна [[организација]] чија цел била обединувањето на [[Срби]]те и на [[Јужни Словени|Јужните Словени]]. Подоцна, од неа се родила Либералната народна партија (''Либерална народна странка'') на [[Светозар Милетиќ]], а Змај бил нејзин верен следбеник и помагач. Во патриотската лирика, тој ги славел српството, славното српско јунаштво и борбата за [[слобода]], но никогаш не западнал во тесен национален шовинизам. Од овие песни особено се истакнуваат: баладата „Три [[ајдуци]]“ (''Три хајдука''), „Српска мајка“ и „Светли [[гроб]]ови“, испеена по повод [[смрт]]та на [[Ѓура Јакшиќ]].<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 13-16.</ref>
 
Политичко-сатиричната поезија на Змај била поврзана со неговиот политички ангажман околу Народната партија на Милетиќ. Во тој поглед, [[Лаза Костиќ]] истакнува дека Змај бил поет на „Милетиќевата слава“, исфрлајќи ја познатата изрека дека „[[змеј]]от го изеде [[славеј]]от“. Сепак, политичката [[поезија]] на Змај не треба да се врзува само со политичката програма на Милетиќ, туку има и поширока платформа. Така, уште во [[1852]] година, за време на Баховиот апсолутизам, Змај пишувал слободарска поезија и ги преведувал слободарските европски поети. Исто така, Змај имал голема дарба за ефектна сатира со која ги исмевалисмејувал општествените недостатоци на своето време. Според [[Богдан Поповиќ]], Змај поседувал сè што е потребно за добра [[сатира]]: дух, шега, иронија, зајадливост и лутина. Делувајќи како совест на своето време, Змај ги критикувал [[крал]]ската власт, [[свештенство]]то, европската [[дипломатија]] и „високата“ [[политика]], итн.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 16-17.</ref>
 
На пример, познати се неговите песни „Малиот Брцко“ (''Мајушни Брцко''), „Јутутунска јухахаха“ и „Јутутунска химна“ во кои ги критикувал апсолутистичките режими на [[Михајло Обреновиќ III|кнезот Михаило]] и на кралот [[Милан Обреновиќ|Милан]] при што, како убеден [[република]]нец, тој ја исмеал и [[монархија]]та како државно уредување. Во „Од песните на еден игумен“ (''Из песама једног игумана''), тој го исмејува општествениот [[паразит]]изам и алчноста за пари на високото свештенство, додека во „Билдунг“ и во други песни на удар ги зема негативните појави во [[Војводина]] во неговото време, како: националното отуѓување, изопаченото сфаќање на животните вредности, помодарството на малограѓаните, духовната пустош итн.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 17-19.</ref>
 
Најпосле, детската поезија на Змај со право се смета за дел од српското национално богатство. Таа била производ на неговата бескрајна љубов кон децата при што тој умеел да проникне во тајните на чистата детска душа и во патеките на детската [[фантазија]], издвојувајќи ги важните детски карактеристики и создавајќи типизирани детски ликови кои ќе останат вечни. Во тие рамки, Змаевите детски песни обработуваат најразлични теми, како: хигиенски, здравствени и други поуки, песни за работата, [[Патриотизам|патриотизмот]], за младоста и староста, песни за минатото, за минливоста на [[време]]то итн.<ref>Васо Милинчевиħ, „Јован Јовановиħ Змај (1833 – 1904)“, во: Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 19-20.</ref>
 
==Критики==