Љубов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Античка Грција: дополнување
Ред 30:
Кај античките Грци, љубовта не била само страст, туку за неа била развиена научна доктрина. Така, [[Хесиод]] сметал дека љубовта е најстарото [[божество]], душа и творец на светот,<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 117.</ref> а [[Ксенофонт]] сметал дека љубовта е работа на слободната [[Волја|волја]], зашто кога убавината би имала суверена сила, таа би била убава за секого. Според него, љубовта зависи од волјата, зашто едни се вљубуваат во една убавина, а други се рамнодушни кон неа; исто така, братот не се вљубува во сестрата, ниту таткото во ќерката, зашто тие не скаат да го направат тоа.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 120-121.</ref>
 
==Стариот Рим==
==Древниот римски (латински) јазик==
[[Латински јазик|Латинскиот јазик]] има неколку различни глаголи што одговараат на англискиот збор ,,љубовˮ. [[''Amō'']] е основниот глагол, со значење '',,to loveˮ'' и инфинитивот ''amare (сака)'', како што е сѐ уште во денешниот [[италијански јазик]]. [[Римјани|Римјаните]] ги користеле и двата збора во смисла на благонаклонетост како и во романтична и сексуална смисла. Од овој глагол произлегуваат именките ''amans'' – љубовник, ''amator'' – professional lover, честопати со додавање на поимот разврат и ''amica- girlfriend'' (девојка), на [[англиски јазик]], често се употребува и еуфемистички со значење на проститутка. Соодветната именка е ''amor'' (значењето на овој термин за Римјаните е добро илустрирано со фактот дека името на градот, Рим, на латински: Roma може да се гледа како анаграм за amor, кој бил искористен како тајно име на градот во пошироките кругови во античките времиња), кое исто така се користи во множина за да се означат љубовните врски или сексуалните авантури. Од овој ист корен произлегува ''amicus- friend'' (пријател) и ''amicitia- friendship'' (пријателство), (често се заснова на заемна корист и понекогаш соодветствува повеќе на ''indebtedness'' ( задолженост) или ''influence'' (влијание)). Цицерон напишал трактат насловен како ,,Пријателствоˮ (de Amicitia), каде што го дискутира поимот до одредена точка. Овидиј напишал водич за состанување со име „[[Ars Amatoria]]“ (уметноста на љубовта), во кој што длабоко навлегува со објаснување за се, од вонбрачните афери до родители коишто се настроени заштитнички претерано.
 
Во латинскиот јазик понекогаш се користи ''amāre'', како еквивалент на англиското ''like'' (сака). На овој поим (like), во латинскиот јазик општо земено повеќе му одговараат ''placere'' или ''delectāre'' коишто се користат во секојдневниот говор, а вториот поим се среќава во љубовната поезија на [[Катул]]. Чести еквиваленти на ''diligere'' се ,, to be affectionate forˮ и ,,to esteemˮ и речиси никогаш не се користи за искажување на романтична љубов. Овој поим би бил соодветен за опишување на пријателство помеѓу двајца мажи. Сепак соодветната именка ''diligentia'' го има истото значење со ''diligence''- трудољубивост или со carefulness- грижливост и има мало семантичко преклопување со глаголот. ''Observare'' е синоним на ''diligere'', а покрај сродноста со англискиот поим, овој глагол со својата соодветна именка ''observantia'' честопати значат esteem – почит или affection- љубов. Поимот [[''caritas''|caritas]] се користи во латински преводи на христијанската Библија а значи charitable love- несебична љубов, сепак ова значење не постои во класичната паганска римска литература. Бидејќи произлегува од спојување со грчки збор не постои соодветен глагол.
 
Латинските автори, како [[Лукрециј |Лукрециј]] и [[Јувенал]], најчесто зборувале за љубовта како физичко задоволство. Така, во својот еп, Лукрециј вели дека љубовта е задоволство кое се плаќа скапо, зашто поради неа ги губиме [[пари]]те, [[време]]то, силата и самољубието. Против таа несреќа, Лукрециј препорачува да се бега од жените. Наспрти него, [[Проперциј]] повеќе сакал да им робува на жените отколку да биде слободен меѓу мажите, а љубовта ја сметал за најголемо богатство. Сепак, тој советувал дека мажот треба да се брани од каприците на својата љубовница; да не ѝ се зборува од висина, но ниту да се молчи пред неа; да не се прави непријатно лице кога ѝ служиме.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 118.</ref>
 
==Религиозни ставови==
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Љубов