Отвори го главното мени

Промени

Додадени 40 бајти ,  пред 1 година
с
нема опис на уредувањето
 
== Римската империја во 3 век ==
По смртта на царот [[Комод]] кон крајот на [[2 век]], [[Римско Царство|Римската империја]] била втурната во граѓанска војна.<ref name=":0" /> По завршетокот на војувањата, на тронот на империјата седнал императорот [[Септимиј Север]] (193 – 211 год.), кој бил основоположник на династијата [[Севери (династија)|Севери]].<ref name=":0" /> За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како [[Воена монархија]]. Системот се распаднал во [[230-ти|230-тите]] години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или [[Криза од трет век|Кризата од третиот век]]. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император [[Александар Север]] (222 – 235 год.) (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите [[Сасанидско Царство|Сасанидски]] владетели, Персија прераснала во ривалска суперсила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој ривал. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на императорот [[Диоклецијан]] (284 – 305 год.).<ref name=":0" /> Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.
 
== Настани ==
[[Податотека:BathsOfCaracalla.jpg|мини|331x331пкс375x375px|Бањите на Каракала во Рим]]
 
* Ран 3 век - Погребувањето во [[Катакомба|катакомби]] станало честа практика.