Крсте Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
По окупацијата на Југославија во [[1941]] година зема активно учество во подготовките на востанието и е учесник, а потоа и политички комесар на [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]]. Учесник е во нападот врз Прилеп што го извршил одредот на [[11 октомври]]. Во февруари [[1942]] година е упатен на работа во заднината на територијата на Македонија под италијанска окупација, но на почетокот на септември истата година е уапсен во [[Гостивар]] и одведен во затворот во [[Тирана]].
 
По два неуспешни обиди, Црвенковски кон крајот на април [[1943]] година успева да побегне од затворот заедно со група од 21 затвореник и се префрла во [[Западна Македонија]]. Именуван е за секретар на Обласниот комитет на [[КПМ]] за Западна Македонија, а во јули [[1944]] станува секретар на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува во борбите на Првата македонско-косовска бригада, а зема учество и во [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]].
 
За народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 415</ref>
 
== Повоена кариера ==