Родољубивост: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 1:
[[Податотека:Statue X DSC08329.JPG|мини|200п|Одбраната на татковината е дел од родољубивоста: статуа во [[Париз]], споменик за студентското вмешување во одбраната на [[Франција]] во [[1814]] година.]]
'''Родољубивост''' (или '''родољубие''', '''патриотизам''') — поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „[[татковина]]та“ ([[латински]]: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или [[град]], но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или [[нација]] или [[држава]]. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со [[Национализам|национализмот]] и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е [[идеологија]], но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став (и националистичките политички движења и родољубивоста можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).
 
Родољубивоста има [[Етика|етичка]] конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на [[нација]]та пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост.