Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

с
нема опис на уредувањето
с (ситна поправка, поправки, поправка на правопис, граматички поправки)
с
}}
 
'''Преспански договор''' — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на [[Министер за надворешни работи на Македонија|Македонија]], [[Никола Димитров (дипломат)|Никола Димитров]] и на [[Министер за надворешни работи на Република Грција|Грција]], [[Никос Коѕијас]] на 17 јуни 2018 година во селото [[Нивици]], [[Грција]] на брегот на [[Преспанското Езеро]]. Истиот бил потпишан и од посредникот на [[ООН]] за спорот за името Македонија, [[Метју Нимиц]]. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во [[Њујорк]] на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спорот за името Македонија]] и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и [[Грција]]. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во ''Северна Македонија'' односно формалното име да ѝ биде ''Република Северна Македонија'', а [[Грција]] ќе го признае новото македонското државјанство и се согласува официјалниот јазик на државата да се именува како [[македонски јазик]] ({{lang-en|Macedonian language}}).<ref>{{нмс|title=Потпишан договорот за името, Заев: поместивме планини|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29293477.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Позадина ==
== Реакции ==
=== Македонија ===
Македонската јавност реагирала поделено во однос на договорот. Претседателот на [[Претседател на Македонија|Македонија]], [[Ѓорѓе Иванов]] истакнал дека нема да го потпише договорот, класифицирајќи го истиот како штетен за земјата и дека истиот значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.<ref>{{нмс|title=Иванов нема да го потпише договорот за името со Грција|url=http://www.dw.com/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-44211643|work=Дојче Веле на македонски јазик|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Следниот ден на 13 јуни, откако било прогласено решение, на средба со претседателот Иванов биле премиерот [[Зоран Заев]] и шефот на дипломатијата [[Никола Димитров (дипломат)|Никола Димитров]] кои му го предале договорот. Во медиумите било објавено дека средбата поминала во непријатна атмосфера и истата траела 2 минути, по што претседателот „им ја покажал вратата“ на Заев и Димитров.<ref>{{нмс|title=По 2 минутната средба со Заев и Димитров, Иванов им ја покажал вратата|url=https://kurir.mk/makedonija/vesti/po-2-minutnata-sredba-so-zaev-i-dimitrov-ivanov-im-ja-pokazal-vratata/|work=Курир|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Иванов за време на посета на [[Бугарија]] следниот ден изјавил дека тоа се медиумски лаги и дека откако го добил документот со договорот немал што повеќе да разговара на таа тема бидејќи, како што рекол тој, „за прв пат ми беше донесен документ во кој не сум вклучен ниту запознаен“.<ref>{{нмс|title=Иванов: Не сум бил вклучен во договорот, сами нека си го завршат|url=https://republika.mk/927550|work=Република|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
Претседателот на најголемата опозициска партија во државата [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Христијан Мицкоски]], го карактеризирал договорот како капитулација и дека истиот претставува пораз за Македонија. Тој побарал од Заев обврзувачки, а не консултативен референдум и се изјаснил дека на истиот ќе гласа против. Мицкоски исто така потенцирал дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно „власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори“.<ref>{{нмс|title=Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија|url=https://sitel.com.mk/mickoski-dogovorot-e-kapitulacija-za-makedonija|work=Сител|date=12 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Ден по изјаснувањето дека е постигнато решение за спорот за името, спонтано повеќе здруженија меѓу кои Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско Братство како и навивачката група [[Комити Запад]] иницирале протест пред [[Собранието на Република Македонија]].<ref>{{нмс|title=Протест во Скопје против договорот за менување на името|url=https://sitel.com.mk/protest-vo-skopje-protiv-dogovorot-za-menuvanje-na-imeto|work=Сител|date=13 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> На истиот биле приведени десетмина учесници во протестот кои маскирани со фантомки кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.<ref>{{нмс|title=Десетмина приведени по вчерашните протести пред Собранието|url=https://telma.com.mk/desetmina-privedeni-po-vcherashnite-protesti-pred-sobranieto/|work=Телма|date=14 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>