Парк Мускау: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
Неговата местоположба е во историскиот регион [[Горна Лужица]], каде покрива 3,5 км² земја во Полска и 2,1 км² во Германија. Паркот се протега на обата брега на реката [[Лужичка Ниса]], која ја создава границата помеѓу државите. Зоната околу паркот од 17,9 км² го опфаѓа германскиот град [[Бад Мускау]] ({{lang-hsb|Mužakow}}) на запад и полскиот [[Ленкница]] (''Wjeska'', порано ''Lugknitz'') на исток. Додека замокот Мускау се наоѓа западно од реката, срцето на паркот е во делумно пошумената областа на источниот брег, наречена ''Парк на терасите''. Во 2003 повторно бил изградена пешачки мост над Ниса за да ги поврзе двата дела.
 
На 2 јули 2004, [[УНЕСКО]] го додал паркот на неговиот [[Светско наследство на УНЕСКО|список на светско културно и природно наследство]], како ''типичен пример за прекугранична културна соработка помеѓу Полска и Германија''. Бил додаден на списокот од два критериума: за пробивање нови основи ''во смисла на развој на идеалниот пејзажпредел создаден од човекот'' и за неговото влијание на ''развојот на [[пејзажнапределна архитектура]] како дисциплина''.
 
== Историја ==
 
Тврдината на реката Ниса кај Мускау била првпат спомената во раниот 13-ти век, под власта на грофот [[Хајнрих III (гроф на Мајсен)|Хајнрих III од Мајсен]]. Основач на блискиот парк бил [[Херман фон Пиклер-Мускау]] (1785-1871), автор на влијателниот ''Совети за пејзажнотопределното градинарство'' и сопственик на државното грофство Мускау од 1811. По долгите студии во [[Англија]], во 1815 во времето кога североисточниот дел на Горна Лужица потпаднал под [[Кралство Прусија|Прусија]], тој го претставил паркот. Како времето поминувало, тој основал меѓународно училиште за пејзаженпределно менаџментуправуавње во Бад Мускау и укажал на изградба на голем пејзаженпределен парк, кој можел да го обиколува градот „на начин кој не е направен претходно“.
 
[[Податотека:Altes Schloss Muskau.jpg|thumb|left|Стар замок]]
 
Работите вклучени во обновување на [[Барокна архитектура|барокниот]] „Стар замок“ - всушност поранешна порта на замокот - и изградбата на готската капела, англиската куќа, неколку мостови и оранжерија дизајнирана од Фридрих Лудвиг Перзиус. Пиклер ги обновил средновековните тврдини како „Нов замок“, центарот на паркот, со мрежа на патеки кои започнувале од него и биле под влијание на идеите на [[Хамфри Рептон]], чиј син Џон Адеј работел во Мускау од 1822 па натаму. Проширувањето продолжило до 1845, кога Пиклер поради неговите огромни долгови бил принуден да го продаде наследството. Следната година бил купен од страна на принцот Фредерик од Холандија, кој го вработил [[Едуард Пецолд]], ученик на Пиклер и познат пејзаженпределен градинар, да го доврши неговиот проект. По неговата смрт во 1881, бил наследен од неговата ќерка, принцезата Мари, која го продала имотот на благородничкото семејство Фон Арним.
 
Во текот на [[Битка за Берлин|Битката за Берлин]], двата замока биле срушени, како и сите четири моста над Ниса. Имотот на семејството Арним му бил одземен од [[Советска воена администрација во Германија|Советската воена администрација во Германија]] и со воведувањето на [[Граница Одра-Ниса|линијата Одра-Ниса]] во 1945, паркот бил поделен со државната граница помеѓу Полска и Германија, со две третини на полска страна. Дури во 1960-тите, [[Комунизам|комунистичките власти]] полека го прифатиле наследството на принцот Пиклер. Стариот замок бил повторно изграден од администрацијата на [[ГДР|Источна Германија]] во 1965-72, додека Новиот замок и мостовите сè уште се обновуваат.