Драч: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 82:
'''Драч''' или '''Дрча''' ([[Албански јазик|албански]]: ''Durrës''; [[Италијански јазик|италијански]]: ''Durazzo''; [[Грчки јазик|грчки]]: ''Δυρράχιο'') е приморски град во [[Албанија]] кој излегува на [[Јадранско Море]]. Тој се наоѓа во средна [[Албанија]], на {{км|35}} од главниот град [[Тирана]]. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од [[2003]], во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко [[Македонци|македонско]] население.
 
== Историја ==
Драч бил основан под името Епидамнос, од страна на грчките колонисти од Коринт и Керкира во 627 година п.н.е. Од 229 год. п.н.е. потпаднал под власт на Римјаните кои му го дале името Диракиум (Dyrrhachium) и изградиле пат до Солун (''Виа Егнација''), кој подоцна бил продолжен до Константинопол.
 
Градот под римска управа напредувал како значаен трговски пристанишен центар. Околу 430 год. тука бил роден императорот [[Анастасиј I (владетел)|Анастасиј I]]. За време на преселбата на народите бил изложен на упади од страна на варварите, но сепак останал под управа на [[Византија]].
 
{{Албанија-гео-никулец}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Драч