Разлика помеѓу преработките на „Microsoft“

Додадени 6 бајти ,  пред 1 година
с
нема опис на уредувањето
(дополнување)
с
| homepage = [http://www.microsoft.com/worldwide/ microsoft.com]
}}
'''Микрософт''' ([[англиски]]: ''Microsoft Corporation'') е американска [[мултинационална компанија]] со седиште во Редмонд, [[Вашингтон (сојузна држава)|Вашингтон]]. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за [[Софтвер|компјутерски софтвер]], потрошувачка електроника, персонални [[компјутер]]и и сервисирање. Нивни најдобри производи се: оперативните системи „Мајкрософт виндоус“ (''Microsoft Windows''), комплетот „Мајкрософт Офис“ (''Microsoft Office'') и веб-прелистувачот „Интернет Експлорер“ (''Internet Explorer''). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола „Иксбокс“ (''Xbox'') и серијата на таблети „Мајкрософт Сурфејс“ (''Microsoft Surface''). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер, сметано според приходите. Исто така, Мајкрософт е една од најважните светски компании.
Мајкрософт е основан од [[Бил Гејтс]] и [[Пол Ален]] на 4 април 1975 година, за развивање и продажба на основни извршните програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Мајкрософт израсна доволно за да доминира на пазарот на оперативни системи за персонални компјутери со МС-ДОС (анг. MS-DOS) кон средината на 1980-тите, по кој дојде и „Мајкрософт Виндоус“ (''Microsoft Windows''). Првата јавна понуда на компанијата во 1986, следена од растот на цената на акциите, создаде 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените на Мајкрософт. Од 1990тите, Мајкрософт значајно се оддели од пазарот на оперативни системи и откупи голем број на корпорации. Во Мај 2011, Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (''Skype Technologies'') за 8.5 милјарди долари, што претставува нивно најголемо откупување досега.