Разлика помеѓу преработките на „Змеј“

Додаден 1 бајт ,  пред 2 години
нема опис на уредувањето
с (Отстрането уредувањето на Angela vukovska (разговор), вратено на последната верзија на ГП)
Ознака: Отповикување
[[Податотека:Zmei Gorinich (colour fixed).jpg||мини|десно|250п|''Змеј'', од Виктор Васнетсов]]
 
'''Змеј''', '''ламја''', '''аждер''' или '''ала''', ([[англиски]]: ''Dragon'') — фантастично, митолошко суштетство, кое според својот изглед е близок до [[змија]]та,<ref>[http://www.slovopedia.com/22/209/1642064.html Этимологический русскоязычный словарь Фасмера]</ref> [[човек]]от, [[птица]]та, [[метеор]]ите. Змејовите били прикажувани најразлично: со крилја, тело покриено со стргунки, со метални плочки, понекогаш златни, со големи глави и опасни [[заби]], со [[оган]] кој излегувал од усните, ноздрите, со испакнати очи кои можеле да имаат и хипнотичка моќ, можеле да имаат повеќе глави, најчесто имале две нозе, опашка и биле различни по големина и боја.
 
 
== Змејот во народните верувања ==
[[Податотека:Zmei Gorinich (colour fixed).jpg||мини|десно|250п|''Змеј'', од Виктор Васнетсов]]
Според народното верување змејовите настанувале од [[змија]] постара од четириесет или сто години, од рибата [[крап]] која наполнила четириесет години. Змејот според некои верувања настанувал од [[птица]], [[петел]]от и [[мисир]]от можеле да се претворат во змеј; змејот можел да биде роден и како човек (со специфични обележја како новороденче: ципа под мошниците, опашка, заби, шест прсти и др.), се верувало дека таквите деца настанале од врската меѓу змеј и жена, некаде се верувало дека децата родени по [[смрт]]та на родителот, или вонбрачните деца можат да се претворат во змеј или им се припишувале натприродни способности својствени за митолошкото сфаќање за карактеристиките на змејот<ref>[[Танас Вражиновски]], Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.180</ref>. Но, за одржување на ваквото дете во животот според старите верувања морале да се спроведат многу обредни правила; првата ноќ го варделе ‘чистите жени/ девојки ’ (вирго), некаде тоа го правеле девет стари жени, некаде дванаесет девојки кои во таа една ноќ подготвувале облека за новороденчето на кое му се припишувале својствата на заштитникот на селото. Во [[Македонија]] се верувало дека змејски карактеристики стекнува детето родено во глуво доба и тоа се нарекувало змејко.