Жорж Пјер Сера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
== Научна позадина и влијанија ==
Во текот на 19 век многу научници пишувале за сетилата на видот, а особено за боите. Шеврол бил француски хемичар, кој ги реставрирал старите таписерии. Открио дека две бои една покрај друга даваат впечаток на некоја трета боја, кога се гледа од поголемо растојание. Тој пронајдок бил клип за техниката поентилизам.
 
Жорж Сера и [[Пол Сињак]] ја користеле техниката [[поентилизам]] или дивизионизам. Боите се нанесувале на платно во точки една покрај друга, по принципот на комплементарност. Се обидувале да постигнат хармонија на боите и ја нанесувале во точки.
 
Сера освен тоа верувал дека боите можат да се користат за да се постигне хармонија и емоција во уметноста на сличен начин како што музичарите ја користат варијацијата на звукот и темпото за да создадат хармонија. Веселбата на сликата се постигнува со доминација на светли тонови и топли бои и линии насочени нагоре. Мирот се постигнува со балансот на светло и темнина, а линиите треба да бидат хоризонтални. Жалоста се постигнува со користење на темни тонови, ладни бои и линии насочени надолу.
 
== Галерија ==