Разлика помеѓу преработките на „Извидништво“

Додадени 1.537 бајти ,  пред 1 година
Создадено преведувајќи ја страницата „Scouting
(Создадено преведувајќи ја страницата „Scouting“)
 
(Создадено преведувајќи ја страницата „Scouting“)
Во текот на првата половина на дваесеттиот век, движењето опфатило три главни старосни групи за момчиња (Развигорци, Извидници, Ровери) а во 1910 година била создадена нова организација, Девојки водачи. Извидничкото движење е една од неколкуте светски младинските организации.
 
Во 1906 и 1907 година Роберт Баден-Пауел, поручник во Британската Армија, напишал книга за момчиња  Извидништво за момчиња (Лондон, 1908), врз основа на неговите претходни книги за воено извидување, со голема поддршка од Фредерик Расел Бурнхем, Ернест Томпсон Сетон и Вилијам Александар Смит и неговиот издавач Пеарсон. Во летото во 1907 година, Баден-Пауел одршалодржал камп на островот Броунси во [[Англија]] со цел да ја тестира својата идеја за книга. Овој камп и објавувањето на ''Извидништво за Момчиња'' генерално се сметаат како почеток на Извидничкото движење.
 
Движењето го користи извидничкиот метод односно програма за неформално образование со акцент на практични активности на отворено кои вклучуваат кампување,пионерство, активности на вода, пешачење, патување и [[спорт]]. Друга препознатлива одлика за извидништвото е  извидничката униформа, воведена со намера да се скријат сите разлики на општествен статус на извидникот и постигнување на еднаквост. Посебните обележја на униформата го вклучуваат [[Хералдичка лилија|лилјановиот цвет]] како основен симбол и други значки, амблеми, беџови и слично. 
 
Двете најголеми чадор-организации се Светската Организација на Извиднички Движење (WOSM), и Светската Асоцијација на Девојки Водичи и Девојки Извидници (WAGGGS). Во 2007 година низ целиот свет се одбележа 100 годишнината од создавањето на извидништвото преку најразлични настани и активности. 
[[Категорија:Извидништво]]
6

уредувања