Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 110:
[[Податотека:Europe_topography_map.png|мини|лево|Релјефна карта на Европа]]
Планините во Европа зафаќаат околу 16% од територијата.
Тие не претставуваат компактна целина. Се издвојуваат неколку планински системи, кои главно се наоѓаат јужно од западниот дел на [[Источноевропска Низина]]. Географски најкарактеристични се [[Алпи]]те со највисокиот врв - [[Мон Блан]] (4.810 м), од каде што кон [[југ]] се протегаат [[Апенини]]те со врвот [[Гран Сасо]] (2.914 м) [[Динариди]]те со врвот [[Маја]] и [[Езерце]] (2.694 м) и [[Шарско-пиндски планини|Шарско-пиндиските Планини]] со врвот [[Голем Кораб]] (2.764 м), [[Стара Планина]] или [[Балкан]] со [[Ботев врв]] (2.376 м), планините [[Родопи]] со врвот [[Мусала]] (2.925 м). Како посебни се издвојуваат [[Скандинавски Планини]], [[Француски централен масив]], [[Пиринеи]]те и повеќе планински масиви на [[Пиринејски Полуостров]]. Планински масиви се присутни и на поголемите планини [[Етна]] на [[Сицилија]] (3.269 м), [[ВатнајекидлВатнајекитл]] на [[Исланд]] и [[Силоритис]] на [[Крит]]. Комуникацијата меѓу големата европска низина на север и [[Средоземје]]то се одвива низ неколку покарактеристични природни отвори и превали. Такви се: превалот [[Бренер]] на [[Алпи]]те (1.372 м) кој ги поврзува [[Германија]] и [[Италија]], отворот по реката [[Дунав]] помеѓу [[Бугарија]] и [[Виенски Басен|Виенкиот Басен]], приморските рабови на [[Пиринеи]]те, [[Ѓердапска Клисура]] меѓу [[Панонија]] и [[Влашка Низина]] и други. На територијата на Европа се развиени повеќе типови релјеф, како: особено изразен флувијаленн, абразвиен, глацијален и карстен релјеф, со поголем број котлини, висорамнини и платоа, како и песочни дини.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Релјефни карактеристики на Европа - стр.12/13</ref>
[[Податотека:European plain.png|мини|десно|Разместеност на Европската Низина]]
Низините го зафаќаат најголемиот простор од релјефот на Европа. Најголема е Европска Низина. Таа се протега на север од [[Пиринеи]]те и од [[Бискајски Залив]] на [[запад]] сè до [[планина]]та [[Урал (планина)|Урал]] на [[исток]]. Оваа низина е најширока во нејзините источни делови и се вика Источноевропска Низина. По површина опфаќа речиси една половина од континентот Европа. Само на одделни места во оваа низина се појавуваат повисоки ридести области чија височина не поминува 400 метри. Оваа низина [[север]]но од [[Касписко Езеро]] се спушта пониско и од морското ниво.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Европа