Книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
 
==Теорија на книжевноста==
Според [[Џакомо Леопарди]], вредноста на книжевноста зависи во прв ред од стилот, и тоа во толкав обем што ако на едно дело му се одземе стилот, тоа ќе се сведе на нешто без никаква вредност. Стилот, пак, е нераскинливо поврзан со [[јазик]]от. Исто така, тој смета дека за некој да може да ја оцени вредноста на книжевното дело, тој самиот мора да знае совршено да пишува, толку колку што е умешноста на писателот кој се оценува. Бидејќи малку луѓе ја поседуваат способноста за правилно оценување на книжевните дела, Леопарди тврди дека славата на најдобрите писатели повеќе зависи од случајноста отколку од нивната вистинска вредност. Имено, книжевните дела не се оценуваат според нивната вредност сама по себе, туку според впечатокот што го оставаат кај читателот, кој ги набљудува книжевните дела во самиот себеси, а не во самите нив. Поради тоа, многу луѓе, кои се одликуваат со здрав [[разум]] и голема остроумност, не се способни да ги оценуваат книжевните дела, зашто не можат својата душа да ја изедначат со [[душа]]та на писателот. Исто така, оценувањето на книжевното дело зависи и од моментното расположение на читателот, т.е. едно исто дело може во еден период да го возбуди читателот, а другпат да не остави никаков впечаток врз него. Во продолжение, судот за некое дело се носи и под влијание на претходно искажаните оцени за него, т.е. за некое славно дело носиме висок суд знаејќи дека е славно, т.е. врз основа на искуството за неговата вредност, црпено од минатото. Оттука, оценувањето на новите дела, за кои нема претходно утврдени судови, често се врши според моментниот впечаток.<ref>Đ. СпоредLeopardi, ''Pesme i proza''. Beograd: Rad, 1964, стр. 77-82.</ref> На пример, доколку некој современ автор би напишал дело со еднаква или повисока вредност од „[[Илијада]]“, тоа дело би било помалку ценето, Леопардизашто сметазад деканего постоине големастои несигурноствековната вослава оценувањетона и„Илијада“. донесувањетоСлично судна затоа, вредностакога некој би ги читал „[[Ослободениот Ерусалим]]“ или „[[Бесниот Роландо]]“, без да ја познава славата на книжевнитеовие дела, тој би ги оценил пониско од некоја друга книга.<ref>Đ. Leopardi, ''Pesme i proza''. Beograd: Rad, 1964, стр. 77-8287.</ref> Според тоа, Леопарди смета дека постои голема несигурност во оценувањето и донесувањето суд за вредноста на книжевните дела.
 
== Литературни видови ==