Филозоф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 3:
'''Филозоф''' — во поширока смисла, лице што се занимава со изучување на [[филозофија]]та. Поимот доаѓа од {{lang-grc|φιλόσοφος}} (''филозофос''), што значи „вљубеник во мудроста“. Се смета дека поимите „филозоф“ и „филозофија“ прв ги вовел античкиот мислител [[Питагора]].<ref name="tufts">{{LSJ|filo/sofos|φιλόσοφος|ref}}</ref>
 
Во потесна смисла, филозоф е било којсекој [[интелектуалец]] со свои придонеси на некое поле на филозофијата, како што е [[естетика]]та, [[етика]]та, [[епистемологија]]та, [[логика]]та, [[метафизика]]та, [[општествена теорија|општествената теорија]] и [[политичка филозофија|политичката филозофија]]. Филозоф, во некогашна смисла, може да биде и некој што работи во областа на [[општествени науки|општествените]] и други [[наука|науки]] кои низ вековите се одвоиле од самата филозофија; такви се [[уметност]]ите, [[историја]]та, [[економија]]та, [[социологија]]та, [[психологија]]та, [[лингвистика]]та, [[антропологија]]та, [[теологија]]та и [[политика]]та.
 
Во класична смисла, филозоф е човек кој го живее живот на извесен начин, кој се занимава [[смисла на животот|егзистенцијалните прашања]] за човечката состојба, а не некој кој расправа за теориите или мислењата на други автори.<ref>Пјер Адо, ''Внатрешната крепост''. стр. 4</ref> Најдобар пример на таквата посветеност на живеење на животот според своите убедувања се [[старогрчка филозофија|старогрчките мислители]].
 
Во обете дефиниции, филозофите се посветуваат на ваквите прашања со критички, систематички и [[разум|промислен]] приод.
 
Според италијанскиот поет [[Џакомо Леопарди]], исто како [[поет]]от, и философот може да биде оригинален и да се разликува од останатите философи по тоа што на различен начин расправа за истите [[Вистина|вистини]]. Во тој поглед, философот може да стане различен и изворен, и тоа, како во поглед на останатите луѓе, така и во поглед на самиот себе.<ref>Đ. Leopardi, ''Pesme i proza''. Beograd: Rad, 1964, стр. 112.</ref>
 
==Историја==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Филозоф