Тетовирање (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Потполно преуредување на статијата
Мала поправка
Ред 35:
Дејството на филмот е сместено во летото [[1989]] година и го следи животот на работникот Илија ([[Мето Јовановски]]), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
 
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „''штитат''“ поредокот - [[комунизам|комунистичкиот режим]] во распад - по една караница со сопругата ([[Љиљана Меѓеши]]) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.<ref name="MIFC"/> Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во ''Истражниот затвор'' каде е подложен на „''вербална и физичка тортура''“ <ref name="MIFC"/>. Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговечува, невиниот Илија, оправдано очекува да биде ослободен, од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.
 
Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо ([[Александар Чамински]]) - кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите - обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „''Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот''.“ <ref name="MIFC"/> Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија ([[Јовица Михајловски]]) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на [[Исус Христос|Исус]] - истетовирана на неговите гради.