British Airways: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с мал додаток
Додавка
Ред 1:
'''British Airways''' (Македонски: Бритиш Ервејз), е официјален национален авиопревозник на Велика Британија и една од најголемите авиокомпании во светот. Главни централи на авиокомпанијата се аеродромите: Лондон Хитроу и Лондон Гетвик. Групацијата British Airways беше формирана на 1 Септември 1972 година од страна ан корпорациите BOAC и ВЕА. Овие две компании се здружија и ја формираа авиокомпанијта British Airways. Компанијата беше приватизирана во Февруари 1987. Се прошири набрзо потоа со купувањето на авиокомпанијата British Caledonian во 1988 година. Формирањето на Virgin Atlantic од страна на Richard Branson, во 1984 година, значеше и започнување на тензични односи со British Airways, кои завршија во 1993 со формално извинување од страна на British Airways, за употреба на 'кампања со гнасни трикови' против Virgin.
British Airways низ текот на годините се снабдуваше со авиони од Boeing, се до 1998 година кога се одлучи за нарачка на Airbus авиони. Во 2008 година, British Airways ја воведе својата ќерка - авиокомпанија OpenSkies која ќе ја користи на релации помеѓу поважните Европски центри и САД, во согласност со новиот договор за отворено небо. Засега единствениот авион во флотата на OpenSkies е авион од типот Боинг 757.
British Airways се соочува со големи проблеми во изминативе години. Асоцијацијата на Европски Авиокомпании ја нарече British Airways, авиокомпанија со најголем процент на загубен багаж, двојно повеќе отколку просекот на другите авиокомпании. Тие се исто така една од најлошата авиокомпанија во класата на кратки/средни дестинации и беа рангирани на 17 место од 21 авиокомпанија. Најголемиот проблем на British Airways e нејзината база на аеродромот Хитроу во Лондон, кој е синоним на аеродром на задоцнувања и одложувања на летовите.
 
==Историја==
 
На 31 Март, 1924 година, четирите авиокомпании (Instone Air Line, Handley Page Transport, Daimler Airways и British Marine Air Navigation Co Ltd.), пионери на комерцијалната авијација во Велика Британија, се споија во една авиокомпанија наречена Imperial Airways.
Во меѓувреме, одреден број на помали авиокомпании од Велика Британија започнаа со летови. Овие мали авиокомпании се споија во 1935 година за да ја направат оригиналната British Airways Ltd. Во 1939 година, Британската влада одлучува да ги национализира двете авиокомпании и да ја формира Британската Прекуокеанска Воздухопловна Корпорација (BOAC). После војната, ВОАС продолжува да оперира на прекуокеански дестинации, со исклучок на дестинациите во Јужна Америка, кои беа оперирани од страна на British South American Airways, која стана дел од корпорацијата во 1949 година. Дестинациите во Европа и Обединетото Кралство беа опслужувани од страна на British European Airways Corporation (BEA).
 
==Приватизација==
Сер Џон Кинг, подоцна Лорд Кинг, кој беше назначен за претседател во 1981 година, единствената задача му беше да ја припреми авиокомпанијата за приватизација. Кинг го вработи Колин Маршал како извршен директор во 1983 година. Кинг беше најзаслужен за пресвртот во авиокомпанијата и заспаниот џин кој трпеше многу загуби го претвори во една од најпрофитабилните авиокомпании во светот. Преку 23,000 вработени беа отпуштени во почетокот на 80-тите години од минатиот век, а во исто време флотата беше модернизирана.
Националниот авиопревозник се појави на Лондонската берза во Февруари 1987 година, од страна на Конзервативната влада.
 
==Промени и подружници==
Во текот на 90-тите години, British Airways стана најпрофитабилна авиокомпанија под слоганот "Најомилена светска компанија". Во 1992 година, ВА се одлучува да ја купи малата Германска авиокомпанија, Delta Air Transport, и ја преименува во Deutsche BA. Таа беше продадена во 2003 година, а за време на нејзиното раководење таа стана втора по големина авиокомпанија во Германија, веднаш зад Луфтханза.
Во 1995 година, British Airways формира подружница во Тајван, наречена British Asia Airways, за да оперира на релацијата Лондон - Тајпеј. Поради политичкита чувствителност, авиокомпанијата го промени своето име.
 
==Ерата на Боб Ејлинг==
 
Во 1996 година, British Airways, со нивниот новоназначен извршен директор, Боб Ејлинг, влегоа во период на турбуленција. Се зголемување компетитивноста на пазарот, високите цени на нафта и силната фунта го намалија профитот. Менаџментот на компанијата и синдикатот се судрија меѓусебе, што придонесе за стотици милиони фунти загуба.
 
 
 
[[af:British Airways]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/British_Airways