Бахаизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
==Социјални практики==
Следат некои од примерите на бахаистичкото учење, а кое се однесува на однесувањето на луѓето.
* Бахаист над 15 годишна возраст треба секојдневно да ги кажува наизуст задолжителните молитви, употребувајќи ги запишаните зборови.
* Покрај задолжителната секојдневна молитва, бахаистот треба да кажува посебна молитва, како и да ги изучува светите текстови.
* Возрасен бахаист треба да практикува деветнаесет дневен пост еднаш во годината за време на дневната светлина во март, со одредени исклучоци.
* Постои посебна практика при закоп која вклучува посебна молитва што треба да биде прочитана. Балсамирање и кремирање се строго забранети.
* Бахаистот треба да дава 19% доброволна уплата на вишокот богатство, односно на она што е над неопходното комфорно живеење, и откако ќе ги подмири задолжувањата. Ваквите плаќања се користат во филантропски цели.
* Озборувања се забранети.
* Пиење или продавање на алкохолни пијалаци е забрането.
* Сексот е дозволен само меѓу сопружниците, и според тоа предбрачен, вонбрачен или хомосексуален секс се забранети.
* Просењето не е професија и е забрането.
 
Некои од законите во „Најсветата книга“ се применливи во денешно време, но некои не се. Законите кои не се во спротивност со законите на државата во која живее бахаистот, се обврзувачки за секој бахаист,{{sfn|Smith|2008|p=158}} а молитвите и постот се одговорност на поединецот.{{sfn|Smith|2000|pp=223–225|ps=: "Law"}}{{sfn|Walbridge|1996}}
 
===Брак===
Целта на бракот според верувањето на бахаизмот е главно негување на духовна хармонија, пријателство и заедништво меѓу маж и жена, како и обезбедување на стабилна и пријатна средина за децата.{{sfn|Smith|2008|pp=164–165}} Бахаистичкото учење го нарекува бракот ''тврдина за благосостојба и спасение'', а бракот и семејството ги смета за основа на човечкото општество.{{sfn|Smith|2008|p=164}} Бахаула високо го ценел бракот, не одобрувал развод, и барал чесност надвор од бракот. Тој сметал дека мажот и жената треба да се трудат да си го подобрат духовниот живот еден на друг.{{sfn|Baha'is of Warwick|12 October 2003}} Брак меѓу двајца од различни раси се охрабрува во записите.{{sfn|Smith|2008|p=164}}
 
Бахаист што сака да стапи во брак прво треба да покаже дека го знае карактерот на партнерот/ партнерката.{{sfn|Smith|2008|p=164}} Иако родителите не треба да договараат бракови за нивните деца, откако двајцата млади ќе решат да стапат во брак, треба да побараат благослов од родителите, било да се тие бахаисти или не. Свадбата е едноставна, а единствениот задолжителен дел е читање на свадбените ветувања, запишани од Бахаула, кои ги читаат и невестата и младоженецот во присуство на двајца сведоци.{{sfn|Smith|2008|p=164}}
 
===Работа и средби===
[[Податотека:House of Worship Germany 2007.jpg|thumb|alt=A white domed building with palm trees in front of it|Бахаистичка куќа во [[Лангенхаин]], Германија]]
Бахаула забранил просење и аскетизам,{{sfn|Smith|2008|pp=154–155}} како и монаштво, а бахаистот треба да практикува духовност додека работи нешто корисно.{{sfn|Daume|Watson|1992}} Важно е секој бахаист да служи на човештвото, а таквата работа е еднаква на молитва пред очите на Бога.{{sfn|Daume|Watson|1992}}
 
Повеќето средби меѓу бахаистите се одвиваат во приватни куќи, локални центри или во изнајмени објекти.
 
===Симболи===
[[Податотека:051907 Wilmette IMG 1404 The Greatest Name.jpg|alt=Arabic script inscribed on a metal plate|thumb|upright=1.25|Калиграфија на бахаистичкиот симбол „најголемото име“]]]]
Симболите на бахаизмот доаѓаат од арапскиот збор „Баха“ ({{lang|ar|بهاء}} „сјај“ или „слава“),со нумеричка вредност 9, поради што најчест симбол е ѕвезда со девет краци.{{sfn|Smith|2000|pp=167–168|ps=: {{nowrap|"Greatest Name"}}}} Симболот „камен прстен“ и калиографскиот запис за „најголемото име“ се среќаваат често исто така.
 
== Наводи ==