Пер Лагерквист: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
 
==Творештво==
Своите први дела ги објавил како студент, во [[1912]] година: неколку песни и [[новела]]та „[[Луѓе (Лагерквист)|Луѓе]]“. По враќањето од Париз, каде бил импресиониран од [[Кубизам|кубизмот]] и [[Фовизам|фовизмот]], го напуштил [[Натурализам|натурализмот]] и целата негова [[проза]] и [[поезија]] од периодот 1914-1916 година била под изразено француско влијание. Во 1916 година, збирката „Страв“ му обезбедила углед на значаен поет во Шведска, а во текот на [[Првата светска војна]] доживеал уште поголема афирмација. Во тој период, тој живеел во данскаДанска, каде пишувал [[Драмска уметност|драми]] под влијание на [[Стриндберг]].<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.</ref> Неговиот книжевен манифест, „[[Уметноста на зборот и уметноста на сликата]]“ (1913) го етаблирал на книжевната сцена во [[Шведска]] како млад [[Писател|писател]] со [[Еволуционизам|еволуциски]] идеи. Во него, тој се залагал за едноставност во [[уметност]]а, за монументалност на уметничката форма, за неизвештаченост и за надминување на индивидуалното во општото. Сепак, подоцна, ниту самиот тој не му останал верен на својот уметнички „вјерују“ од младоста.<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.</ref>
 
Неговите следни дела: збирката песни и раскази „Хаос“ (1919), драмата „[[Тајната на небото]]“, трите драми „Театар“ (1918) и [[новела]]та „[[Вечната насмевка]]“ (1920) се силни слики за космичката осаменост на [[човек]]от и неговиот страв од [[живот]]от и од [[смрт]]та на еден „индиферентен“ свет. Потоа следувале драмите „[[Невидливиот човек (Лагерквист)|Невидливиот човек]]“ (1923) и кошмарните раскази „[[Свирепи приказни]]“ (1924), а [[роман]]от за детството „[[Гостин на реалноста]]“ претставува еден од ретките автобиографски дела на Лагерквист. Новата етапа во развојот на Лагерквист ја започнала со делото „[[Триумф над животот]]“ (1927), во кое ја објавува својата [[филозофија]] низ визионерски пасуси. Во него, слино на [[Албер Ками]], Лагерквист заговара „бунт“ против очајот. Следните негови дела ја третирале тоталитарната закана на [[Европа]]: новелата „[[Џелатот]]“ (1933), хумористичкиот манифест „[[Стегнатата тупаница]]“ (1934), како и [[драма]]та за политичкото убиство, „[[Човек без душа]]“ (1936).<ref>''Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда''. Битола: НИД „Микена“, 2010.</ref>