Пер Лагерквист: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 3:
 
==Биографија==
Лагерквист е роден во [[Векше]], град на југот од Шведска, како најмлад од седумте деца во традиционално и длабоко [[Религија|религиозно]] [[семејство]]. Наспроти побожните верувања на своите родители и на секојдневното читање од [[Библијата]] дома, Лагерквист развил алтернативен поглед на религијата, а со текот на времето станал, спред сопствените зборови, „верник без вера, религиозен [[Атеизам|атеист]]“. Со четворица пријатели, тој ја формирал групата под назив „Црвен прстен“, во која се разговарало за религијата, [[анархијата]], [[социјализмот]] и [[еволуцијата]]. [[Дарвин|Дарвиновото]] дело „[[Потеклото на видовите]]“ длабоко влијаело на оваа млада група, а подоцна, Лагерквист напишал дека Дарвиновото дело ја разнишала „самата основа на трансценденталниот поглед на светот“.<ref name="a">''Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда''. Битола: НИД „Микена“,2010.</ref> По завршувањето на средното училиште, Лагерквист поминал две години (1911-1912) на [[Универзитет во Упсала|Универзитетот во Упсала]], студирајќи [[хуманистички науки]] и истовремено започнал да пишува. По дипломирањето, во во 1913 година заминал во [[Париз]], а во текот на [[Првата светска војна]] живеел во [[Данска]]. Во 1919 година, кратко време работел како [[театар]]ски критичар во едно списание во [[Стокхолм]], а потоа се занимавал само со пишување. Исто така, често патувал, а најдолго се задржал во [[Италија]] и во [[Франција]]. Во 1940 година бил избран за член на [[Шведска академија|Шведската академија]].<ref name="a"/> <ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.</ref>
 
==Творештво==