Пер Лагерквист: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 6:
 
==Творештво==
Своите први дела ги објавил како студент, во [[1912]] година: неколку песни и [[новела]]та „[[Луѓе (Лагерквист)|Луѓе]]“. По враќањето од Париз, каде бил импресиониран од [[Кубизам|кубизмот]] и [[Фовизам|фовизмот]], го напуштил [[Натурализам|натурализмот]] и целата негова [[проза]] и [[поезија]] од периодот 1914-1916 година била под изразено француско влијание. Во 1916 година, збирката „Страв“ му обезбедила углед на значаен поет во Шведска, а во текот на [[Првата светска војна]] доживеал уште поголема афирмација. Во тој период, тој живеел во данска, каде пишувал [[Драмска уметност|драми]] под влијание на [[Стриндберг]].<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.</ref> Неговиот книжевен манифест, „[[Уметноста на зборот и уметноста на сликата]]“ (1913) го етаблирал на книжевната сцена во [[Шведска]] како млад [[Писател|писател]] со [[Еволуционизам|еволуциски]] идеи. Во него, тој се залагал за едноставност во [[уметност]]а, за монументалност на уметничката форма, за неизвештаченост и за надминување на индивидуалното во општото. Сепак, подоцна, ниту самиот тој не му останал верен на својот уметнички „вјерују“ од младоста.<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126.</ref>
Своето прво дело го објавил во [[1912]] година, под наслов „[[Човечки суштества (Лагерквист)|Човечки суштества]]“, а неговото следно дело било „Уметноста на зборот и ликовната уметност“, кое го етаблирал на книжевна сцена во [[Шведска]] како млад [[Писател|писател]], со [[Еволуционизам|еволуциски]] идеи. Неговите следни дела: поетската збирка „Болка“ (1916), збирката песни и раскази „Хаос“ (1919), драмата „[[Тајната на небото]]“, трите драми „Театар“ (1918) и [[новела]]та „[[Вечната насмевка]]“ (1920) се силни слики за космичката осаменост на [[човек]]от и неговиот страв од [[живот]]от и од [[смрт]]та на еден „индиферентен“ свет. Потоа следувале драмите „[[Невидливиот човек (Лагерквист)|Невидливиот човек]]“ (1923) и кошмарните раскази „[[Свирепи приказни]]“ (1924), а [[роман]]от за детството „[[Гостин на реалноста]]“ претставува еден од ретките автобиографски дела на Лагерквист. Новата етапа во развојот на Лагерквист ја започнала со делото „[[Триумф над животот]]“ (1927), во кое ја објавува својата [[филозофија]] низ визионерски пасуси. Во него, слино на [[Албер Ками]], Лагерквист заговара „бунт“ против очајот. Следните негови дела ја третирале тоталитарната закана на [[Европа]]: новелата „[[Џелатот]]“ (1933), хумористичкиот манифест „[[Стегнатата тупаница]]“ (1934), како и [[драма]]та за политичкото убиство, „[[Човек без душа]]“ (1936).<ref name="a"/>
 
По [[Втора светска војна|Втората светска војна]], Лагерквист почесто се свртувал кон формата на романот. Романот „[[Џуџе (роман на Лагерквист)|Џуџе]]“ (1944) е сместен во време на италјанска [[ренесанса]], но сепак се однесува и на [[Втората светска војна]] и на човекот воопшто, во сите места и времиња. Со „[[Варава (Лагерквист)|Варава]]“ (1950), можеби неговото на најпознато дело, започнала низата романи кои се занимаваат со средба на човекот со божественото и неговата потрага по разбирање и спасение. Оваа тема ја продолжува во „[[Сибила (Лагерквист)|Сибила]]“ (1956), „[[Смртта на Абазир]]“ (1960), „Аџија на море“ (1962) и во „[[Светата земја (Лагерквист)|Светата земја]]“ (1964). Неговиот последен роман, „[[Миријам (роман на Лагерквист)|Миријам]]“ (1967) користи [[Симболизам|симболистички]] консталации кои се појавуваат често во неговите книги.<ref name="a"/>
 
Со својата појава на книжевната сцена во 1912 година, годината кога умрел [[Август Стриндберг]]. Иако, првите книжевни чекори на Лагерквист произлегуваат од стриндберговската традиција, но сепак, тој најавил нова епоха во [[Шведска книжевност|шведската книжевност]]. Навистина, неговите први дела се одликуваат со истата психичка атмосфера и со слични философски елементи како оние од псоледната фаза на творештвото на Стриндберг. Подоцна, Лагерквист често ги напуштал тие основи, но повеќепати се навраќал кон неговите книжевни почетоци. Многубројните промени низ кои минувало неговото творештво завршиле со мрачна животна [[философија]], изразена низ песимистичките [[симбол]]и на човечкото зло и бесмисленоста на [[живот]]от. Лагерквист дава слика на напуштеноста на модерниот [[човек]] во светот без идеали, свет во кој крвавите [[Војна|војни]] ја илустрираат човековата неспособност да ја пронајде својата цел. Меѓутоа, наспроти доминацијата на темните тонови во неговите дела, тој никогаш не престанал да ги изразува [[Хуманизам|хуманистичките]] идеи за вредноста на [[култура]]та.<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 125-126.</ref>
 
Кариерата на Лагерквист траела повеќе од 50 години и за тоа време напишал речиси 40 книги, поради што е тешко да се даде општ именител на неговиот опус, особено имајќи предвид дека често ги менувал своите животни ставови и творечкото расположение. Сепак, во текот на целото свое творештво тој останал верен на барањето изразено уште во неговиот книжевен манифест - едноставноста. Сепак, оваа основна карактеристика никако не исклучува уште една негова важна одлика - длабочината на зафатот. Едноставноста во откривањето на длабоката животна смисла е една од најважните причини за големата почит во и надвор од неговата родна земја. И како поет и како прозаист и како драмски писател, Лагерквист поставува големи и достоинствени прашања за тоа како треба да живееме. Притоа, неговото дело е свесно определено како диктат, т.е. тој не крие дека пишува не само за едно [[време]], туку за сите времиња.<ref>Dušan Puvačić, „Per Lagerkvist“, во: Lagerkvist, ''Krvnik – Vječni smiješak''. Beograd: Rad, 1964, стр. 126-127.</ref>
 
Во [[1951]] година, [[Шведска академија|Шведската академија]] му ја доделила на Лагерквист [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]] за „неговата уметничка моќ и длабоко вкоренета независност што ги демонстрира во своето пишување, во барањето одговори на вечните прашања на човештвото“. Неговите креативни достигнувања му донесоа углед на „гигант на модерниот [[класицизам]]“.<ref name="a"/>