Пер Лагерквист: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
Своето прво дело го објавил во [[1912]] година, под наслов „[[Човечки суштества (Лагерквист)|Човечки суштества]]“, а неговото следно дело било „Уметноста на зборот и ликовната уметност“, кое го етаблирал на книжевна сцена во [[Шведска]] како млад [[Писател|писател]], со [[Еволуционизам|еволуциски]] идеи. Неговите следни дела: поетската збирка „Болка“ (1916), збирката песни и раскази „Хаос“ (1919), драмата „[[Тајната на небото]]“, трите драми „Театар“ (1918) и [[новела]]та „[[Вечната насмевка]]“ (1920) се силни слики за космичката осаменост на [[човек]]от и неговиот страв од [[живот]]от и од [[смрт]]та на еден „индиферентен“ свет. Потоа следувале драмите „[[Невидливиот човек (Лагерквист)|Невидливиот човек]]“ (1923) и кошмарните раскази „[[Свирепи приказни]]“ (1924), а [[роман]]от за детството „[[Гостин на реалноста]]“ претставува еден од ретките автобиографски дела на Лагерквист. Новата етапа во развојот на Лагерквист ја започнала со делото „[[Триумф над животот]]“ (1927), во кое ја објавува својата [[филозофија]] низ визионерски пасуси. Во него, слино на [[Албер Ками]], Лагерквист заговара „бунт“ против очајот. Следните негови дела ја третирале тоталитарната закана на [[Европа]]: новелата „[[Џелатот]]“ (1933), хумористичкиот манифест „[[Стегнатата тупаница]]“ (1934), како и [[драма]]та за политичкото убиство, „[[Човек без душа]]“ (1936).<ref name="a"/>
 
По [[Втора светска војна|Втората светска војна]], Лагерквист почесто се свртувал кон формата на романот. „РоманотРоманот Џуџе“„[[Џуџе (роман на Лагерквист)|Џуџе]]“ (1944) е сместен во време на италјанска [[ренесанса]], но сепак се однесува и на [[Втората светска војна]] и на човекот воопшто, во сите места и времиња. Со „[[Варава (Лагерквист)|Варава]]“ (1950), можеби неговото на најпознато дело, започнала низата романи кои се занимаваат со средба на човекот со божественото и неговата потрага по разбирање и спасение. Оваа тема ја продолжува во „[[Сибила (Лагерквист)|Сибила]]“ (1956), „[[Смртта на Абазир]]“ (1960), „Аџија на море“ (1962) и во „[[Светата земја (Лагерквист)|Светата земја]]“ (1964). Неговиот последен роман, „[[Миријам (роман на Лагерквист)|Миријам]]“ (1967) користи [[Симболизам|симболистички]] консталации кои се појавуваат често во неговите книги.<ref name="a"/>
 
Во [[1951]] година, [[Шведска академија|Шведската академија]] му ја доделила на Лагерквист [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]] за „неговата уметничка моќ и длабоко вкоренета независност што ги демонстрира во своето пишување, во барањето одговори на вечните прашања на човештвото“. Неговите креативни достигнувања му донесоа углед на „гигант на модерниот [[класицизам]]“.<ref name="a"/>