Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
== Историја ==
 
Библиотеката е формирана на [[23 ноември]] [[1944]] г. со одлука на [[АСНОМ]] како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофски факултет во Скопје]], основана во [[1920]] г. како прва универзитетска библиотека во Македонија. Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150 000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени<ref>[http://nubsk.edu.mk/za-nas/istorija НУБСК - За нас - Историја]</ref>.
[[Податотека:Стар Филозофски факултет-Скопје.jpg|мини|лево|Стариот Филозофски факултет во Скопје (1920-ти)]]
Во [[1945]] било решено за доставување на задолжителен примерок од македонската издаваштво, со што библиотеката постанала национална депозитна библиотека на тогашната [[Народна Република Македонија]]. Покрај основната функција на национална библиотека, НУБ била дефинирана како општонаучната и универзитетска библиотека за Универзитетот “Кирил и Методиј” од Скопје, што било формално санкционирано со Законот за библиотеките во НР Македонија од [[1960]] година.