Прекршување (физика): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Упадниот бран, всушност, делумно се прекршува, а делумно се [[рефлексија|одбива]] (тоа го објаснуваат [[Френелови равенки|Френеловите равенки]]).
==Објаснение==
[[Image:Snells law mk.svg|thumb|Прекршување на светлината на преодот меѓу две средини (n<sub>2</sub> > n<sub>1</sub>). Затоа што v<sub>2</sub> < v<sub>1</sub>, аголот на прекршување θ<sub>2</sub> е помал од упадниот агол θ<sub>1</sub> (упадниот зрак е поблиску до нормалата).]]
Прекршување во [[оптика]]та настанува кога светлинскиот бран паѓа под кос агол на граничната површина со средина која има поинаков индекс на прекршување. На границата се менува [[фазна брзина|брановата брзина]], поради што доаѓа до промена и во насоката. Иако брзината се менува, [[фреквенција]]та останува константна. На пример, [[светлински зрак]] се прекршува при минување низ [[стакло]] поставено во воздух, затоа неговата брзина ќе се промени. Прекршување има и кога бранот нормално упаѓа на граничната површина (под прав агол) - брзината се менува, иако насоката останува иста. Разбирањето на концептот на оваа појава придонело за значајни пронајдоци - [[леќа (оптика)|леќите]] и [[рефракор]]от.
[[File:Pencil in a bowl of water.svg|thumb|left|Поради прекршувањето на светлинскиот бран, молив делумно потопен во вода изгледа искривен: светлинските бранови кои поаѓаат од точката X ја менуваат насоката, па изгледаат како да поаѓаат од Y. (При набљудување од било кој агол, Y треба да се наоѓа вертикално над X и моливот гледан одозгора да изгледа пократок, а не подолг како што е прикажано.)]]