Институт за македонска литература: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
== За Институтот ==
Основач на Институтот е Владата на Република Македонија. Денес, Институтот својата дејност ја остварува како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во своето работење, следејќи ги националните интереси и современите достигнувања на полето на науката за книжевноста, Институтот помина низ повеќе развојни периоди, кои се поврзани со напредувањето на кадровскиот потенцијал, со реализацијата на современи студиски програми за магистерски и докторски студии во областа на културолошките студии и македонската книжевност, со развојот на издавачката дејност, како и со организирањето значајни научни собири и воспоставувањето меѓународна соработка со сродни научни и високообразовни центри во регионот и пошироко. Институтот за македонска литература е формиран со цел да се овозможи планско, долгорочно и систематско проучување, следење и толкување на литературното творештво и наследство во Македонија и подготовка на млади кадри за научна работа. Институтот ги издава следнте меѓународни научни списанија: ''Спектар'', ''Контекст'' и ''Филолошки студии.''
 
== Историја ==
Ред 16:
 
Библиотечниот фонд содржи дела од полето на науката за книжевноста, но и дела од блиски и сродни научни полиња (наука за јазикот, драмска уметност, етнологија, филозофија, историски науки и сл.), периодични публикации, докторски дисертации, магистерски трудови, трудови од научноистражувачки проекти, зборници од научни собири и друг вид библиотечен материјал (архивска граѓа, стари ракописи, факсимили и сл.)
 
Библиотечниот фонд се создава и се обновува со купување, размена, подароци и со задолжителни депозитни примероци.
 
Ретките книги (уникати), списанијата, речниците и енциклопедиите можат да се користат исклучително во просториите на Библиотеката.
 
Библиотеката е отворена за корисниците секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот.
 
== Одделенија ==