Институт за македонска литература: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
== Историја ==
Потребата од проучување на македонската литература на организиран и институционален начин ја роди идејата за формирање Институт за македонска литература.Институтот за македонска литература е формиран пред 30 години како научна единица во рамките на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје. На првиот референдум, одржан на 23 април 1980 година, вработените на Филолошкиот факултет се изјаснуваат да се формира Институт за литература како научна единица на Факултетот, без својство на правно лице. На референдумот одржан на 14 јануари 1981 година е донесена одлука за усвојување на Анекс кон Статутот на Филолошки факултет во Скопје со што се определува организацијата и дејноста на единицата. Институтот за македонска литература во Скопје е основан како јавна научна установа со Одлука на Владата на Република Македонија од 1998 година. Осамостојување е резултат на постигнувањата на Институтот како организациона единица на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје и пред сè на исполнетите услови за оформување кадровска структура. Со првата Програма за работа на Институтот се дефинираат неговите развојни перспективи како самостојна научна установа од јавен интерес. Јавен интерес во научноистражувачката дејност на Институтот претставуваат научните истражувања на историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ и припадниците на заедниците, кои живеат во Република Македонија. Со Одлука на Универзитетскиот сенат од 25 февруари 1999 година, Институтот е членка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
 
== Ден на Институтот - 14 јануари ==
Согласно Статутот на Институтот за македонска литература – Скопје, почнувајќи од 2011 година, '''14 јануари''' се одбележува како Ден на Институтот. На овој ден пред 30-тина години (1981), Институтот е основан како научна единица при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
 
По повод овој ден се одржуваат пригодни свечености.
 
== Библиотека ==
Библиотеката на Институтот за македонска литература - Скопје обезбедува користење на библиотечниот материјал и информациска подршка на научните истражувачи и студентите од Институтот, како и од сродните научни и високообразовни установи во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
 
Библиотечниот фонд содржи дела од полето на науката за книжевноста, но и дела од блиски и сродни научни полиња (наука за јазикот, драмска уметност, етнологија, филозофија, историски науки и сл.), периодични публикации, докторски дисертации, магистерски трудови, трудови од научноистражувачки проекти, зборници од научни собири и друг вид библиотечен материјал (архивска граѓа, стари ракописи, факсимили и сл.)
 
Библиотечниот фонд се создава и се обновува со купување, размена, подароци и со задолжителни депозитни примероци.
 
Ретките книги (уникати), списанијата, речниците и енциклопедиите можат да се користат исклучително во просториите на Библиотеката.
 
Библиотеката е отворена за корисниците секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот.
 
== Одделенија ==
{| class="wikitable"
|Средновековна македонска литература
|-
|Македонска народна литература
|-
|Македонска литература во XIX век
|-
|Македонска литература во XX век
|-
|Македонско-балкански книжевно-историски врски
|-
|Литературите на припадниците на заедниците во Македонија
|-
|Теорија на литературата и компаративна книжевност
|}