Адамче Најдов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Адамче Најдов''', познат и како '''Адамче Јанов''' и '''Адамче Зограф''' (1816-1882, [[Прилеп]]), е најплодниот прилепски зограф во XIX век.<ref>{{Наведена книга|title=ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО ВО XIX ВЕК
(културно-историски процеси)|last=Ковилоски|first=Славчо|publisher=Современост|year=2017|isbn=978-608-4501-45-9|location=Скопје|pages=235}}</ref>
[[Податотека:Скица_на_Адамче_Зограф.jpg|мини|Работна скица на Адамче Зограф]]
 
== Биографија ==
Адамче Зограф е најплодниот прилепски зограф којшто работел во средината и втората половина на XIX век. Негов учител бил Никола Михајлов од [[Крушево]], со кого заедно работеле во [[Белград]]<ref>{{Наведено списание|last=Бабиќ|first=Бошко|date=1961|title=Неколку податоци за ѕидарите и сликарите во Прилепскиот крај од XIX век|url=|journal=Стремеж|volume=1|pages=59}}</ref> 5-6 години, односно работел на територијата на Врањската епархија.<ref>{{Наведено списание|last=Николовски|first=Дарко|date=2013|title=Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов|url=|journal=Ниш и Византија|volume=XI|pages=363}}</ref> Подоцна станал самостоен мајстор. Во неговата работа му помагале учениците Јован Прилепчанин и неговиот син Стефан Зографов. Неговата работа ја проследуваме во периодот од 1861 до 1881 година. За потребите на празнувањето на празникот „Св. Кирил и Методиј“, Прилепската општина на Адамче Зограф му порачала да изработи една икона во големина од: 1,5 метри височина и 1 метар широчина.
 
== Икони ==
Засега неговите најстари пронајдени икони потекнуваат од манастирската црква „Св. Архангел Михаил“ во [[Варош]]. Станува збор за престолните икони: Св. Архангел Михаил, Св. Богородица со Христос и Св. Јован Крстител. Икони со негов потпис се наоѓаат во црквите: „Св. Спас“ во [[Тополчани]] (икона на Св. Богородица од 1862 и живопис од 1864 година); „Св. Архангел Михаил“ во Варош (икона на Св. Архангел Михаил од 1863 година, која на манастирот ја подарил казанџискиот еснаф); „Св. Богородица“ во [[Кадино Село]] (икона на Св. Ѓорѓи од 1781), „Св. Никола“ во [[Вранче]] (икона на Св. Богородица од 1874); „Св. Благовештение“ во Прилеп (икона на Св. Недела од 1870 и Св. Мина од 1874 година); „Успение Богородично“ (икона на Св. Недела од 1878; непотпишани икони кои се сметаат негови: Св. Богородица, Исус Христос, Јован Претеча и Св. Димитриј од 1871, додека пак, иконата влегувањето во Ерусалим е датирана во 1873 година); „Св. Преображение“ во Прилеп (иконата Св. Димитриј од 1872, Св. Трифун од 1873 и Св. Трифун од 1881 година); „Св. Богородица“ во [[Горно Чичево]], Велешко (икона на Јован Претеча од 1875 година, што укажува на фактот дека Јанов работел и надвор од прилепскиот регион) и др.<ref>{{Наведено списание|last=Николовски|first=Дарко|date=2012|title=Икони од ризницата на црквата Св. Благовештение - Прилеп|url=|journal=Патримониум|volume=10|pages=333-344}}</ref>
 
== Начин на работа ==
За ЈановЗограф е карактеристично тоа што иконите ги сликал со ко­пи­рен картон. Иконите што ги изработил во првиот период од не­го­ва­та работа се одликуваат со интензивна боја, користел детали ка­рак­теристични за резбарските работи, и имал ограничена скала на то­нови (цинобер, розе, темно или светло зелено). Во подоцнежната фа­за од неговото творештво контрастите се помалку забележливи, ис­такнува анатомски делови од лицето. Насликаните фигури се ре­ла­тивно симетрични, педантно изработени, со статичност на ли­ко­ви­те.
 
Денес, неговата работна опрема се чува во Галеријата на икони во Прилеп.
Денес, неговата работна опрема се чува во Галеријата на икони во Прилеп.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.muzejprilep.org.mk/zastitna-dejnost/oddelenie-za-istorija-na-umetnost/79-docen-period-xviii-xix-vek|title=ДОЦЕН ПЕРИОД XVIII-XIX ВЕК|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
== Наводи ==