Адамче Најдов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
== Икони ==
Засега неговите најстари пронајдени икони потекнуваат од манастирската црква „Св. Архангел Михаил“ во Варош. Станува збор за престолните икони: Св. Архангел Михаил, Св. Богородица со Христос и Св. Јован Крстител. Икони со негов потпис се наоѓаат во црквите: „Св. Спас“ во Тополчани (икона на Св. Богородица од 1862 и живопис од 1864 година); „Св. Архангел Михаил“ во Варош (икона на Св. Архангел Михаил од 1863 година, која на манастирот ја подарил казанџискиот еснаф); „Св. Богородица“ во Кадино Село (икона на Св. Ѓорѓи од 1781), „Св. Никола“ во Вранче (икона на Св. Богородица од 1874); „Св. Благовештение“ во Прилеп (икона на Св. Недела од 1870 и Св. Мина од 1874 година); „Успение Богородично“ (икона на Св. Недела од 1878; непотпишани икони кои се сметаат негови: Св. Богородица, Исус Христос, Јован Претеча и Св. Димитриј од 1871, додека пак, иконата влегувањето во Ерусалим е датирана во 1873 година); „Св. Преображение“ во Прилеп (иконата Св. Димитриј од 1872, Св. Трифун од 1873 и Св. Трифун од 1881 година); „Св. Богородица“ во Горно Чичево, Велешко (икона на Јован Претеча од 1875 година, што укажува на фактот дека Јанов работел и надвор од прилепскиот регион) и др.<ref>{{Наведено списание|last=Николовски|first=Дарко|date=2012|title=Икони од ризницата на црквата Св. Благовештение - Прилеп|url=|journal=Патримониум|volume=10|pages=333-344}}</ref>
 
== Начин на работа ==
За Јанов е карактеристично тоа што иконите ги сликал со ко­пи­рен картон. Иконите што ги изработил во првиот период од не­го­ва­та работа се одликуваат со интензивна боја, користел детали ка­рак­теристични за резбарските работи, и имал ограничена скала на то­нови (цинобер, розе, темно или светло зелено). Во подоцнежната фа­за од неговото творештво контрастите се помалку забележливи, ис­такнува анатомски делови од лицето. Насликаните фигури се ре­ла­тивно симетрични, педантно изработени, со статичност на ли­ко­ви­те.
Денес, неговата работна опрема се чува во Галеријата на икони во Прилеп.
 
== Наводи ==