Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 96:
Југоисточниот брег на Европа со трите големи полуострови ([[Пиринејски Полуостров]], [[Апенински Полуостров]] и [[Балкански Полуостров]]) и со многубројните поголеми и помали острови, како што се: [[Сицилија]], [[Сардинија]], [[Корзика]], [[Крит]], [[Балеарски Острови]] итн. - е најразгранет. Почнувајќи од [[Гибралтарски Проток]], [[Средоземно Море]] се разгранува на повеќе внатрешни мориња, како што се: [[Лигурско Море]], [[Тиренско Море]], [[Јонско Море]], [[Јадранско Море]], [[Критско Море]], [[Егејско Море]], [[Мраморно Море]], [[Црно Море]] и [[Азовско Море]]. Во наведените мориња се наоѓаат голем број заливи, од кои покарактеристични се [[Лионски Залив]], [[Џеновски Залив]], [[Трстјански Залив]], [[Солунски Залив]], [[Коринтски Залив]] итн.
[[Податотека:Gibraltar aerial view looking northwest.jpg|мини|десно|Гибралтарски Полуостров (поглед од северозапад)]]
Меѓу морињата се наоѓаат повеќе протоци, како што се: [[Гибралтарски Проток]], [[Сицилијански ПреминПроток]], [[Месински Теснец]], [[Отранска Врата]], [[Дарданели]], [[Босфор]], [[Керчанска Врата]], [[Ересунд]], [[Големиот Белт]] и [[Малиот Белт]].
 
Бреговите на Европа се со должина од околу 41.000 км, што значи дека на секои 1.000 км<big>2</big> има по 4,1 км брегова линија. Со најголема разгранетост се одликуваат норвешкиот, хрватскиот и грчкиот брег. На вака разгранетиот брег се изградени голем број пристаништа со мошне развиен [[бродски сообраќај]], кој преку [[Гибралтар]] и [[Западна Европа]] се одвива кон [[Северна Америка|Северна]] и кон [[Јужна Америка]], а преку [[Гибралтар]] и [[Суецки Канал]] се одвива кон [[Азија]] и кон [[Австралија]]. Многу е значаен, условно кажано, локалниот воден сообраќај на европските пристаништа.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Брегова разгранетост на европскиот континент - стр. 9</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Европа