Разлика помеѓу преработките на „Општина Крушево“

Додадени 2 бајти ,  пред 3 години
с
Територијата на општина Крушево се карактеризира со многу слаба и неразвиена хидрографска мрежа. Најзначаен водотек представува реката Црна, која влегува на територијата на Општината над селото [[Бучин]], ги собира површинските и ги дренира подземните води. Главни притоки на реката Црна се реките Жаба, [[Журешница]] и [[Селишка Река]], кои извираат од Крушевската Планина. Водостојот на реките е најголем при врнежите и топењето на снеговите, кога тие и се претвораат во порои. Во текот на летните месеци можно е и да дојде до пресушување на некои водотеци. Речните корита се делумно регулирани со посебно внимание на реките со пороен карактер, каде се направени каскади, со цел намалување на ерозивното дејство на пороите.
 
===Клима===
Територијата на општината Крушево, која се простира на ридско-планинското подрачје на северозападниот дел од Пелагониската котлина, се карактеризира со умерено-континентална клима, со изразито влијание на планинската клима, од запад и котлинска клима од исток. Генерално, климата се карактеризира со подолги и студени зими и свежи лета. Средното просечно годишно траење на сончевото зрачење за периодот од 1998-2007 изнесува 2198,8 часа, додека облачноста е 5,2. Средната годишна температура за тој период изнесува 8,5 °C. Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од -4,8 °C, додека најтопол месец е август, со средна максимална температура од 29,2 °C. Средната годишна минимална температура е 2,8 °C и средната годишна максимална температура е 15,8 °C. Просечната годишна релативна влажност изнесува 73% со максимум во декември 80% и минимум во јули 63%. Ова подрчје се карактеризира со големи количества врнежи и тоа најмногу во ноември, а најмалку во август. Врнежите имаат посебно значење за земјоделството, која е карактеристична дејност за ова подрачје. Просечната годишна количина на врнежите изнесува 806 мм.