Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Осврт кон делото: дополнување
Ред 76:
==Осврт кон делото==
Булгаков го завршил овој роман пред неговата [[смрт]]. Иако во него има делови кои не се целосно заокружени, сепак, можеби токму несовршеноста е тоа што му дава толку голем шарм на романот. Во овој него, Булгаков успеал да ја испреплети [[трагедија]]та на неговата татковина со таа на неговиот сопствен живот како писател кому не му било дозволено да пишува.<ref>[http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=200:%D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB-%D0%B1%D1%83%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2&Itemid=63 www.sakamknigi.mk М. Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“]</ref> Историјата на романот е необична: тој се појавил во јавноста многу години по смртта на авторот, во сосема нов временски период и тогаш, во поинакво окружување, одиграл активна и значајна улога. Веднаш по објавувањето, романот не само што застанал рамо до рамо до најважните остварувања во [[Руска книжевност|руската книжевност]], туку се вброил меѓу најважните дела на светската книжевност од [[20 век]]. Притоа, романот се наметнал како алка меѓу руската книжевност пред [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] и онаа создадена во втората половина на 20 век, по пропаста на [[Социјалистички реализам|социјалистичкиот реализам]] и претставува доказ за континуитетот на едн алинија во рускиот [[реализам]] - онаа што почнува со [[Гогољ]] и што се движи низ пределите на имагинацијата, надминувајќи ги законите на реалноста. Романот има широк [[радиус]] на жанровските определувања - може да се нарече и [[Сатира|сатиричен]], и фантастичен, и [[Филозофија|филозофско]]-[[Метафизика|метафизички]] роман, а тоа прави неговата содржина да биде неисцрпна. Маестралнито спој на некои актуелни прашања до таа епоха (на пример, односот на власта кон [[уметност]]а) и на вечните дилеми (на пример, дали уметникот е поблизок до силите на Мракот или до силите на [[Светлина]]та?) овозможува повеќе планови за читање, додека спојот на интересната фабула и длабочината на идеите го прави делото интересно за публиката.<ref>Влада Урошевиќ, „Поговор - Писателот под закрила на темните сили“, во: Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 427-428.</ref>
 
„Мајсторот и Маргарита“ е модерен роман во кој се испреплетени три раскажувачи тековои кои се одвиваат во различни [[време]]нски и [[простор]]ни планови: првиот тек може да се нарече „роман за романот“ и тој претставува историја за писателот (Мајсторот) и неговата голема љубов, Маргарита, како и историја за создавањето на неговиот роман за Понтиј Пилат. Во овој тек, раскажувачот е Мајсторот, а неговиот говор е [[Лирика|лирски]], [[Емоција|емотивен]] и полн со горчина поради книжевната хајка против него, но сепак, достоинствено воздржан во однос на причинителите на неправдата кон него; вториот тек е „роман во романот“ и во него е опишана содржината на романот за Понтиј Пилат, а оваа приказна е раскажана во повеќе делови, и тоа од различни раскажувачи, при што стилот е свечен, поткренат, со призвук на [[легенда]], давајќи му длабочина на дејството; најобемен е третиот тек, „роман околу романот“, во кој се раскажува за пристигнувањето на Воланд во Москва, една пролет во 1920-тите, а во раскажувањето доминира сатирично-[[хумор]]истичниот стил кој понекогаш кулминира во бурлеска. Овој тек на романот е раскажан од еден „неверодостоен“ раскажувач, кој се преправа дека не знае доволно за настаните за кои раскажува и божем сака да се држи до официјалните ставови, но истовремено е [[Иронија (стилистика)|ироничен]] кон нив. При крајот на романот, трите текови постепено се слеваат еден во друг и низ извонредно инвентивни и духовити решенија се открива нивната длабока, судбинска врска.<ref>Влада Урошевиќ, „Поговор - Писателот под закрила на темните сили“, во: Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 430-432.</ref>
 
Покрај другото, романот се одликува со силно изразени фантастични елементи при што во него целосно е исполнета формулата на модерната фантастика - судирот меѓу натприродното и светот заснован врз рационалното. Од тој спој избиваат сите необични и експлозивни ситуации во книгата и во тој поглед Булгаков ја следи долгата традиција во [[Руска книжевност|руската книжевност]] (започната од [[Гогољ]]) која фантастиката ја меша со хумор, постигнувајќи маестрални сцени. Токму спојот на смеата и стравот е она по што Булгаков најмногу се доближува до Гогољ.<ref>Влада Урошевиќ, „Поговор - Писателот под закрила на темните сили“, во: Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 432-433.</ref> Во продолжение, покрај стилските сличности со [[Библија]]та и со творештвото на Гогољ, романот се надоврзува на [[легенда]]та за [[Фауст]], и тоа на повеќе начини: совпаѓањето на презимето на писателот Берлиоз со францускиот композитор не е случајна, зашто [[Хектор Берлиоз]] а автор на [[ораториум]]от „[[Проклетството на Фауст]]“; понатаму, за време на балот, Маргарита носи медалјон со слика на црно куче, а во таков облик Мефисто му се прикажува на [[Фауст од Гете|Фауст]] во истоименото дело на [[Гете]]. Сепак, Булгаков ја менува легендата за Фауст: кај Гете, Мефисто му помага на Фауст да ја освои Маргарета, а кај Булгаков, Воланд ѝ помага на Маргарита да се сретне со Мајсторот; кај Гете, Маргарета се откажува од Фауст кога дознава дека зад него стојат мрачните сили, а кај Булгаков, Маргарита намерно се здружува со [[Сатана]]та за да дојде со саканиот човек. На тој начин, Булгаков му дава предност на женскиот принцип кој има акттивна улога и го води дејството во романот.<ref>Влада Урошевиќ, „Поговор - Писателот под закрила на темните сили“, во: Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 433-434.</ref>
 
==Изданија на македонски јазик==