Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Глава 19-21: дополнување
→‎Глава 19-23: дополнување
Ред 68:
По необичната претстава, Римски се повлекува во својот кабинет, каде го посетува Варенуха кој му раскажува дека директорот Лиходеев бил пронајден во близината на [[Москва]]. Меѓутоа, Римски открива дека посетителот не е Варенуха, туку се работи за нечиста сила. Тогаш, почнуваат да пеат утринските петли и така Римски се спасува од сигурната смрт, по што веднаш со воз побегнува во [[Ленинград]]. Во меѓувреме, Никанор Босој, исто така, е затворен во болницата каде се наоѓаат Бездомни и Мајсторот. Паралелно со случувањата во Москва се опишува погубувањето на Јешуа Ха-Ноцри: тој и двајца злосторници се одведени на ридот [[Голгота]] каде се распнати на крст, а Матеја Леви скришно го набљудува погубувањето. Ненадејно се појавува [[бура]] и римските војници набрзина ги погубуваат осудените. Следниот ден по претставата продолжуваат необичните настани во Москва, предизвикани од Воланд и неговите помошници: претседателот на Комисијата за претстави исчезнал, но неговиот костум сè уште седи на работната маса; вработените во филијалата на Комисијата не можат да престанат да пеат; книговодителот на „Вариете“ е уапсен; чичко му на покојниот Берлиоз, Полавски, доаѓа во Москва и се среќава со необичните помошници на Воланд, кои го бркаат надвор од станот; шефот на бифето на „Вариете“, исто така, има непријатна средба со Воланд и оди на лекар, а потоа на лекарот му се случуваат чудни нешта, итн.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 161-229.</ref>
 
===Глава 19-2324===
Вториот дел на романот почнува со опис на судбината на Маргарита, љубената на Мајсторот. По неговото ненадејно исчезнување, таа е очајна и постојано копнее по него. Еден ден, додека ја набљудува погребната поворка со телото на Берлиоз (чија [[глава]] во меѓувреме ја украле помошниците на Воланд), пред неа се појавува Азазело со покана за средба со Воланд. Притоа, тој ѝ дава волшебен крем од кој Маргарита се подмладува, а потоа, таа станува [[вештерка]] и полетува од својот дом, а патем го уништува станот на еден книжевен критичар кој најостро го нападнал романот на мајсторот. Откако заминува на некое непознато место, таа се враќа во станот во кој живее Воланд. Притоа, станот се претвора во огромна сала во која се приредува бал, а пред неа поминуваат многу ликови на злосторници кои ѝ се поклонуваат како на [[крал]]ица. Откако испива чаша [[крв]], салата исчезнува и Маргарита повторно се враќа во станот на Воланд, каде тој го доведува мајсторот, го излечува од душевната болест и го обновува ракописот на неговиот роман, а потоа Маргарита и мајсторот се враќаат во неговиот некогашен стан.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 230-293318.</ref>
 
===Глава 25-26===
Во станот, Маргарита го чита делот од романот во кој се опишуваат настаните по смртта на Јешуа. Плашејќи се од немири, прокураторот Пилат издава наредба телото на Јешуа да се закопа на тајно место. Исто така, тој презема мерки за заштита на Матеја Леви за кого дознава дека му се заканува [[убиство]].<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 319-330.</ref>
 
==Осврт кон делото==