Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Глава 19-21: дополнување |
|||
Ред 68:
По необичната претстава, Римски се повлекува во својот кабинет, каде го посетува Варенуха кој му раскажува дека директорот Лиходеев бил пронајден во близината на [[Москва]]. Меѓутоа, Римски открива дека посетителот не е Варенуха, туку се работи за нечиста сила. Тогаш, почнуваат да пеат утринските петли и така Римски се спасува од сигурната смрт, по што веднаш со воз побегнува во [[Ленинград]]. Во меѓувреме, Никанор Босој, исто така, е затворен во болницата каде се наоѓаат Бездомни и Мајсторот. Паралелно со случувањата во Москва се опишува погубувањето на Јешуа Ха-Ноцри: тој и двајца злосторници се одведени на ридот [[Голгота]] каде се распнати на крст, а Матеја Леви скришно го набљудува погубувањето. Ненадејно се појавува [[бура]] и римските војници набрзина ги погубуваат осудените. Следниот ден по претставата продолжуваат необичните настани во Москва, предизвикани од Воланд и неговите помошници: претседателот на Комисијата за претстави исчезнал, но неговиот костум сè уште седи на работната маса; вработените во филијалата на Комисијата не можат да престанат да пеат; книговодителот на „Вариете“ е уапсен; чичко му на покојниот Берлиоз, Полавски, доаѓа во Москва и се среќава со необичните помошници на Воланд, кои го бркаат надвор од станот; шефот на бифето на „Вариете“, исто така, има непријатна средба со Воланд и оди на лекар, а потоа на лекарот му се случуваат чудни нешта, итн.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 161-229.</ref>
===Глава 19-
Вториот дел на романот почнува со опис на судбината на Маргарита, љубената на Мајсторот. По неговото ненадејно исчезнување, таа е очајна и постојано копнее по него. Еден ден, додека ја набљудува погребната поворка со телото на Берлиоз (чија [[глава]] во меѓувреме ја украле помошниците на Воланд), пред неа се појавува Азазело со покана за средба со Воланд. Притоа, тој ѝ дава волшебен крем од кој Маргарита се подмладува, а потоа, таа станува [[вештерка]] и полетува од својот дом. Откако заминува на некое непознато место,
==Осврт кон делото==
|