Следното утро, странецот (кој се претставува како артистот Воланд), неговиот помошник и мачорот се појавуваат во станот на Степан Лиходеев, директор на [[театар]]от „Вариете“ и прв сосед на Берлиоз. Непознатиот, кој се претставува како артистот Воланд, го известува Лиходеев дека потпишале договор за настап во театарот. Истовремено, Воланд му го презема станот, а Лиходеев за миг е пренесен во [[Јалта]]. Претседателот на станбената заедница на зградата, Никанор Иванович Босој, ги затекнува Воланд и неговата придружба во станот на Берлиоз, а потоа, помошникот на Воланд предизвикува Никанор да биде уапсен поради трговија со [[Девиза (појаснување)|девизи]]. Римски, директор на театарот „Вариете“, и неговиот помошник Варенуха добиваат [[Телеграма|телеграма]] дека Лиходеев се наоѓа во Јалта. Варенуха е грабнат од помошниците на Воланд така што и тој исчезнува. Во „Вариете“, Воланд и помошниците приредуваат неверојатна претстава со неверојатни работи. Во болницата, Бездомни запознава еден мажчовек.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 79-140.</ref>