Емануел Чучков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
}}
 
'''Емануел (Емануил, Мане) Чучков''' ({{роден во|Штип}}, {{роден на|27|ноември|1901}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|1|септември|1967}}) бил македонски професор и политичар. Тој е и првиот штипски доктор по [[Географија|географски науки]].
 
== Биографија ==
Ред 36:
По бугарската окупација, како внук на војводата [[Ефрем Чучков]], Мане Чучков е поставен за директор на гимназијата во Прилеп, а потоа во Скопје и Штип.
 
Во [[1943]] година Чучков станува член на групата интелектуалци кои го сочинуваат Акциониот народноослободителен комитет ([[Антипартиска група|АНОК]]). Во април [[1944]] година станува член на проширениот состав на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]]. На почетокот од мај [[1944]] година, заедно со [[Методија Андонов - Ченто]] и [[Кирил Петрушев]], заминува за [[Вис]] на средба со [[Народен комитет за ослободување на Југославија|Народниот комитет за ослободување на Југославија]] на чело со [[Јосип Броз Тито]]. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на [[АСНОМ]] и е избран за член на [[Президиумот на АСНОМ]] како негов втор потпретседател.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0B06AFA2DCBB4B42B443C52DC94D844E.pdf Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 47 стр.]</ref>
 
[[Податотека:Emanuel Cuckov govor.JPG|мини|лево|Чучков говори во слободно Скопје, 1945 година]]
На [[14 август]] Президиумот на АСНОМ го избира за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.<ref>[[s:Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги|Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги]]</ref> Како претставник од [[Македонија]], на [[30 август]] [[1944]] година е испратен во Народниот комитет за ослободување на Југославија. Во НКОЈ ја врши функцијата повереник за земјоделство, а на [[7 март]] [[1945]] година кога е формирана Привремената сојузна влада на чело со [[Јосип Броз Тито]], станува министер за Македонија. Ставовите на Чучков како сојузен министер за Македонија во раководните кругови на Федерацијата се оценети како националистички сепаратистички и анти-југословенски, поради што е тргнат од функцијата и е вратен во Македонија.
 
=== По војната ===
Иако деградиран, од 1946 до 1950 година е пратеник во [[Собрание на Македонија|Народното собрание на Македонија]], а од 1946 до 1947 година ја врши функцијата директор на [[Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“|Народната библиотека]] во Скопје.<ref>[http://www.nubsk.edu.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=39&Itemid=48 НУБ „Св. Климент Охридски“, Историја]</ref> Како музиколог етнолог во [[1947]] го основа Заводот за домашни уметнички ракотворби „Македонски фолклор“, а од 1948 година станува соработник на новооснованиот [[Институт за национална историја]]. Во [[1949]] станува директор на државниот ансамбл за народни песни и игри „[[Танец (ансамбл)|Танец]]“.
 
Во педесетите години повторно се враќа на својата професија и извесно време е потпретседател на Комитетот за високи школи. Потоа во [[1954]] година станува хонорарен доцент, а во [[1957]] година и редовен наставник по Економска географија на [[Економски факултет во Скопје|Економскиот факултет во Скопје]]. Во март [[1958]] година ја одбранува порано започнатата докторска дисертација „Овче Поле. Географско-стопанска студија“. Автор е на повеќе универзитетски и средношколски учебници и прирачници и истражувања од областа на историјата, географијата, економијата, фолклористиката, етнографијата и просветата во Македонија.
Својот живот го завршил како професор на [[Економски факултет - Скопје|Економскиот факултет]] во Скопје.
 
== Дела ==
* Мане Хр. Чучков, „Стопанска географија: за средните трговски училишта“, „Просветно дело“, Скопје, 1958.
* Мане Хр. Чучков, „Стопанска географија: општ дел“, Универзитет во Скопје, Скопје, 1959.
* Мане Хр. Чучков, „Стопанска географија: Странски земји“, Универзитет во Скопје, Скопје, 1959.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://cuckove.blogspot.com/ Ристовски, Блаже. Професорот и државникот Мане Чучков пред и по АСНОМ], Современост, год. 53, бр. 5.
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Чучков, Емануел}}
[[Категорија:ПретседателиМакедонски на Владата на СР Македонијапартизани]]
[[Категорија:Македонски географи]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
[[Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ]]
[[Категорија:Луѓе од Штип]]
[[Категорија:Македонски партизани]]
[[Категорија:Македонски географи]]