Мајсторот и Маргарита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Осврт кон делото: дополнување
Ред 55:
* [[Кајафа|Јосиф Кајфа]]: висок свештеник од Јудеја, заинтересиран за смртта на Исус.
* [[Јуда]]: познат по тоа што го наместува заробувањето на Исус.
 
==Содржина==
Романот се состои од 32 глави и епилог.
 
===Глава 1 - 6===
Еден [[пролет]]ен ден, во [[Москва]], разговараат поетот Иван Николаевич Понирјов, познат како Бездомни, и Михаил Александрович Берлиоз (претседател на писателската [[организација]] МАССОЛИТ) при што Берлиоз образложува дека [[Исус Христос]] е измислен лик. Наеднаш, на Берлиоз му се појавува привидение, а потоа во разговорот се вклучува непознат човек со необичен изглед. Непознатиот, за кого Бездомни и Берлиоз помислуваат дека е странец, тврди дека Исус постоел, а потоа им ја раскажува случката во која [[Понтиј Пилат]] го осудил Исус на смртна казна, тврдејќи дека тој лично присуствувал на настанот. исто така, непознатиот му кажува на Берлиоз дека истиот ден ќе умре така што ќе му биде пресечена [[глава]]та. Кога Берлиоз истрчува да се јави во [[полиција]], тој паѓа пред [[трамвај]] кој го обезглавува. Бездомни се обидува да го следи непознатиот, кому во меѓувреме му се придружува уште еден човек и еден голем мачор. Во трката по нив, Бездомни останува без [[облека]]та и по гаќи оди во седиштето на МАССОЛИТ, но никој не им верува на неговите зборови, туку го сметаат за луд и го носат во [[болница]]та за душевни болести.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006, стр. 5-78.</ref>
 
==Осврт кон делото==
Булгаков го завршил овој роман пред неговата [[смрт]], но некои велат дека тој умрел прерано, затоа што има делови во романот кои не се целосно заокружени. Сепак, можеби токму несовршеноста е тоа што дава толку голем шарм на „Мајсторот и Маргарита“. Во овој роман, Булгаков успеал да ја испреплети [[трагедија]]та на неговата татковина со таа на неговиот сопствен живот како писател кому не му било дозволено да пишува. Појавата на првото издание на романот во 1966 година веднаш му донесла слава на Булгаков, а денес тој се смета за еден од најдобрите руски писатели.<ref>[http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=200:%D0%BC%D0%B0%D1%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB-%D0%B1%D1%83%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2&Itemid=63 www.sakamknigi.mk М. Булгаков, „Мајсторот и Маргарита“]</ref>
 
==Изданија на македонски јазик==
Во 2006 година, [[роман]]от бил објавен на [[македонски јазик]] од издавачката куќа „[[Три (издавачка куќа)|Три]]“, а во превод на [[Тања Урошевиќ]]. [[Книга]]та била испечатена во „Стеда графика“, во тираж од 1.000 примероци. Таа е со димензии од 21 [[сантиметар]], со обем од 438 страници, каталогизацијата е извршена во [[НУБ „Св. Климент Охридски“]], [[Скопје]] и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-153-84-1.<ref>Михаил Булгаков, ''Мајсторот и Маргарита''. Скопје: Три, 2006.</ref>
 
==Белешки==