Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 32:
Во 1823 година, неговата збирка со народни песни и српската граматика биле преведени на [[Германски јазик|германски]], [[Чешки јазик|чешки]] и [[руски јазик]], а следната година излегла од печат првата книга „Народне српске пјесме“, со т.н. „женски песни“. Во 1825 година, на германски јазик, ја напишал биографијата на кнезот Милош, а без негово знаење, во Петербург излегол рускиот превод, благодарение на интригите на Михаил Герман, агентот на кнезот Милош, кој некако дошол до ракописот. Во 1826 година, во Виена, почнал да го објавува забавникот „Даница“ во кој биле застапени и народни песни и приказни, како и статии за одбрана на реформата на српскиот јазик. Во 1827 година, исто така, во Виена, Караџиќ го објавил делото „Први српски буквар“, претходно објавено во „Даница“, во 1826 година, со наслов „Оглед Српског буквара“. Во 1828 година, во [[Будим]], излегла неговата книга (на српски јазик) „Милош Обреновић, Књаз Сербији, или грађа за Српску историју нашега времена“. Следната година, во [[Хамбург]], врз основа на долгите разговори со Караџиќ, германскиот историчар Леополд Ранке ја објавил книгата „Српската револуција“. Во 1830 година, во Виена, го препишал преводот на [[Новиот завет]], а во ноември се обидел (неуспешно) да добие дозвола за неговото печатњење од кнезот Милош. Во 1831 година почнал да го пишува делото „Особита грађа за српску историју нашега времена“ кое кон крајот на годината го запечатил недовршено, со завет „да не се отвора до 1900 година“. Во декември 1832 година, кнезот Милош воспоставил [[цензура]] со која се забранувало печатење книги „кои би биле напишани со буквите ''љ'', ''њ'' и ''ј'' по [[ортографија]]та на познатиот писател Вук Стефановиќ Караџиќ“.<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 469-474.</ref>
 
Во 1836 година, во Цетиње била објавена книгата „Народне српске пословице и друге различне као оне у обичај узете ријечи“ во која Караџиќ првпат ја внесол буквата „х“ во српската [[кирилица]], зашто тој глас го слушнал во околината на [[Дубровник]] и во југозападна [[Црна Гора]]. Истата година, тој го напуштил [[Екавски изговор|екавското]] јотување на согласките „д“ и „т“ (на пример, „дјевојка“ наместо „ђевојка“, „тјерати“ наместо „ћерати“). Во 1837 година, во [[Штутгарт]], на германски јазик, ја објавил публикациата „Црна Гора и Црногорци“, а во 1839 година ја почнал дебатата со [[Јован Хаџиќ]], која траела повеќе години. Во 1841 година, во Виена, ја објавил првата книга на „Српске народне пјесме“, а во 1845 година и втората книга. Истата година, во Виена, била отпечатени писмата на Караџиќ и на [[Сава Текелија]] за српскиот јазик и за правописот. Во 1846 година се појавила и третата книга со српски народни песни, а книгата „Историја Србије и српска револуција“ била објавена на [[англиски јазик]] во [[Лондон]]. Истата година, во Москва, рускиот [[славист]] Срезневски ја објавил првата [[биографија]] на Караџиќ, врз основа на бројните разговори со него. Идеите на Караџиќ конечно победиле во 1847 година, кога Његош го објавил делото „[[Горски венец]]“, напишано на народен јазик, Бранко Радичевиќ ги објавил своите песни користејќи го правописот на Караџиќ, [[Ѓуро Даничиќ]] ја испечатил студијата „Рат за српски [[јазик]] и правопис“, а Караџиќ го објавил преводот на Новиот завет. Во 1849 година, Караџиќ го објавил делото „Ковчежић за историју, језик и обичаје Срба сва три закона“, а следната година, во Виена, заедно со приврзаниците на [[Илирско движење|Илирското движење]], го потпишал т.н. Виенски книжевен договор за заеднички јазик и правопис на [[Срби]]те и [[Хрвати]]те. Во 1852 година, со Ѓуро Даничиќ, го објавил проширеното издание на „Српски рјечник истумаченог њемачкијем и латинскијем ријечима“, со 47.000 зборови, но во Србија била донесена уредба за забрана на продажбата на речникот. Во 1853 година, во Виена, ја објавил книгата „<ref>[[Српски народни приказни (Вук Караџиќ)</ref>|Српске народне приповијетке]]“, посветена на „славниот [[Германец]] Јакоб Грим“. Следната година, оваа книга била објавена во [[Берлин]] (на германски јазик) од страна на неговата ќерка [[Мина Караџиќ]], со предговор на Јакоб Грим,<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 475-481.</ref> додека во 1870 година се појавило нејзиното второ, проширено издание, објавено од неговата сопруга.<ref>Миодраг Матицки, „Вукове народне приповетке - источник аутентичне српске прозе са средине 19. века“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 18.</ref>
 
Во 1857 година, Караџиќ го објавил делото „Примјери српско-словенскога језика“, а во Москва излегол рускиот превод на српската историја, со наслов „Историја на Србите според српските извори“. Во 1859 година, во Србија била укината забраната за печатење приватни книги со правописот на Караџиќ, а следната година била донесена уредба за печатење на државните изданија (освен училишните книги) со новиот правопис, со што и официјално била прифатена јазичната реформа на Караџиќ. Исто така, во 1860 година бил објавен ракописот „Правитељствујушчи совјет сербски за времена Кара-Ђорђијина, или отимање ондашњијех великана о власт“, напишан уште во 1813 година. Во 1862 година, во Виена, се појавила четвртата книга на „Српске народне пјесме“.<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 475-483.</ref>