Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 26:
 
==Творештво==
[[Фолклористика|Фолклористичката]] и [[Лингвистика|лингвистичката]] дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува [[Кладово]], [[Неготин]] и другите населени места, како и да ги запишува [[Јазик|јазичните]] обележја на тој регион. Потоа, во 1813 година, во [[Виена]] се запознал со [[Димитрие Давидовиќ]] и со [[Димитрие Фрушиќ]] и почнал да соработува со нивниот весник „Новине сербске из царствујушчега града Вијене“ (кој излегувал од 1813 до 1822 година),<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. ВоБеоград: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 464-465.</ref> објавувајќи преводи на странски приказни.<ref>Миодраг Матицки, „Вукове народне приповетке - источник аутентичне српске прозе са средине 19. века“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 13.</ref> Исто така, во овој неговесник, Караџиќ ја почнал борбата за замена на црковносрпскиот јазик со народниот говор. Во Виена, кон крајот на 1813 година, се запознал и со [[Јернеј Копитар]], [[Цензура|цензор]] на неговата прва книга „Правителствујушчи совјет сербски за времена Кара-Ђорђијина“ која не добила дозвола за печатење. Токму Копитар го убедил, покрај запишувањето на народните песни, да почне да ги запишува и зборовите и [[граматика]]та. Како резултат на тоа, во 1814 година, во Белград ја објавил книгата „Мала простонародња славено-сербска пјеснарица“, во тираж од 1.500 примероци. Караџиќ ја испечатил книгата на сопствен трошок, како и благодарение на бројните претплатници чии имиња биле отпечатени на крајот од секој примерок. Кон крајот на истата година ја објавил и книгата „Писменица сербскога језика“, користејќи ја реформираната [[кирилица]] на Сава Мркаљ. Книгата била придружена со мал проглас во кој бил даден осврт кон [[Српска книжевност|српската книжевност]] и кон проблемите на српскиот правопис и [[Српска граматика|српската граматика]].<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 464-465.</ref>
 
Во 1815 година, Караџиќ ја објавил втората книга со народни песни, „Народна србска пјеснарица“, а следната година ја почнал работата на првиот српски речник. Во 1817 година, тој работел како уредник на весникот „Новине сербске“ во кои почнал да ги објавува првите рецензии, прегледи, критики и поучни статии. По двегодишна заедничка работа со Копитар, во 1818 година, Караџиќ го објавил „Српски рјечник“ кој сидржел 26.270 зборови со објаснување на [[Германски јазик|германски]] и [[латински јазик]]. Притоа, по долго размислување и советување со Копитар и со Мушицки, Караџиќ се определил за [[Фонетика|фонетскиот]] наместо [[Етимологија|етимолошкиот]] правопис (на пример, „српски“ наместо „србски“), како и за 29 букви во азбуката (без буквата „х“ бидејќи сметал дека тој глас не се слуша во [[Српски јазик|српскиот јазик]]). Во однос на азбуката, тој дал ги предложил буквите „љ“, „њ“, „ђ“ и „ћ“ како замена на разните црковнословенски комбинации или руските букви „я“ и „ю“, а за првпат во [[кирилица]]та ги воведол буквите „џ“ (од некои стари ракописи) и „ј“ (позајмена од [[латиница]]та). Токму воведувањето на латиничната буква „ј“ била причина [[Милош Обреновиќ I|кнезот Милош]], [[Српска црква|српската црква]] и писателот М. Видаковиќ остро да го нападнат. Во 1819 година, Караџиќ пристигнал во [[Санкт Петербург]], каде се запознал со бројни писатели, историчари, [[Славистика|слависти]] и [[Лингвистика|лингвисти]] при што таму оставил 30 копии од српскиот речник. Во август 1820 година пристигнал во [[Србија]], каде собирал народни песни и умотворби и ретки ракописи по [[Црква (објект)|црквите]] и [[манастир]]и. Истата година, тој добил орден од Руската академија за „Српскиот речник“. Во 1821 година, во „Новине сербске“ ги објавил „Српске народне приповијетке“ како посебна книга, составена од 12 приказни.<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука Стефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 466-468.</ref>