Разлика помеѓу преработките на „Австро-Унгарија“

Додадени 3 бајти ,  пред 1 година
с
нема опис на уредувањето
с
}}
 
'''Австро-Унгарија''' (на [[германски јазик|германски]]: ''Österreich-Ungarn'', на [[унгарски јазик|унгарски]]: ''Osztrák-Magyar Monarchia'') е поранешна [[монархија]], односно позната и како ''Двојна Монархија'', која се состоела од два дела - [[Цислеитанија]] (западниот дел) и [[Транслеитанија]] (источниот дел). Императорот на [[Австрија]] истовремено бил и крал на [[Унгарија]]. Оваа монархија постоела во периодот од [[1867]], кога [[Унгарија]] добила можност за [[автономија]] во рамките на империјата се до нејзиното и распаѓање во [[1918]] година, односно пред завршувањето на [[Прва светска војна|Првата Светска војна]], Австро-Унгарија била втората по големина држава во [[Европа]], веднаш по [[Руска империја|Руската империја]] и трета по население по Руската и Германска империја. Во составот на империјата живееле [[Германци]], [[Италијанци]], [[Унгарци]], [[Хрвати]], [[Украинци]], [[Бошњаци]], [[Словенци]], [[Срби]], [[Руси]], [[Романци]] и.т.н.
 
== Историја ==
Австро-Унгарија била создадена во текот на [[1867]] година како резултат на реформите кои биле преземени во рамките на дотогашната [[Австриска империја]], која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од [[14 век]]. Во [[1914]] година, односно во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], влегла во составот на [[Централни сили|Централните сили]] заедно уште и со [[Германија]], [[Турција]] и [[Бугарија]].
 
Во текот на [[Прва светска војна|Првата Светска војна]] Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска [[армија]]. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војнавојува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси напредувајки во Русија.Подоцна кога и Кралството Италија влегло во војната на страна на Антантата, Австроунгарија забележала големи успеси и на италијанскиот фронт, поточно на битките кај реката [[Соча]]. Најголема победа Австроунгарската војска извојувала во Битката кај Капорето. Италијанците доживеале катастрофален пораз и биле приморани да се повлекуваат неколку километри, а Австроунгарците се доближиле опасно близу до Венеција.
 
== Императори ==
15

уредувања