Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Биографија: ситна поправка
Ред 17:
== Биографија ==
[[Податотека:Vuk´s house today.JPG|мини|лево|Куќата на Вук Караџиќ во музеј-селото [[Тршиќ]]]]
Вук Караџиќ е роден на [[6 ноември]] [[1787]] година, во селото [[Тршиќ]], во близина на [[Лозница]], [[Србија]]. Тој потекнувал од лозата Караџиќ, која пак го влече потеклото од постарата лоза Дробњак од Петница. Татко му бил Стефан Јоксимов, по потекло од [[семејство]]то Васоевиќ од [[Црна Гора]], а мајка му била Евросима Јегда, родена Зрниќ, родум од селото Озриниќ, во околината на [[Никшиќ]]. Вук Караџиќ имал и брат Михаил, кој погинал за време на [[Прво српско востание|Првото српско востание]]. Во „Српскиот речник“ од 1852 година, самиот Вук Караџиќ објаснува зошто го му го дале името Вук: Кога некоја жена нема деца, тогаш на детето му го дава името Вук, мислејќи дека [[Вештерки|вештерките]] ги јадат децата, а тие пак не смеат да го нападнат [[волк]]от. Детството го поминал пасејќи [[Коза|кози]] и [[Овца|овци]], а научил да чита и да пишува од роднината Јевта Савиќ Чотриќ, бидејќи „ни во сто села немаше училиште“. Вук Караџиќ вежбал да пишува на обвивката од фишек користејќи гускино перо намакано во раствор од [[вода]] и [[барут]], или пишувајќи со зрели капинки на [[Бреза|брезови]] кори. Во 1795 година, татко му го испратил Вук во приватно училиште во Лозница, кај учителот Гргур Гргуревиќ. Во текот на 1796 и 1797 година, поради појавата на [[чума]], [[училиште]]то во [[Лозница]] се распуштило и Вук го продолжил школувањето во [[Троношки манастир|Троношкиот манастир]], но пред доаѓањето на зимата се вратил дома да се грижи за козите и овците.<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука СтефновићаСтефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 461-462.</ref>
 
Во 1804 година, кога избувнало Првото српско востание, Караџиќ бил во четата на Ѓорѓе Ќурчија, служејчќи како негов личен писар. Поради болки во [[коски]]те и згрчената лева [[нога]], во март 1805 година заминал во [[Сремски Карловци|Карловци]], каде го продолжил школувањето, а некое време негов учител бил [[калуѓер]]от и [[поет]] [[Лукијан Мушицки]]. Потоа, во 1806 година, заминал во [[Петриња]], каде го учел [[Германски јазик|германскиот јазик]]. Пролетта 1807 година преминал во ослободениот [[Белград]], некое време бил писар на востаничките старешини низ Србија, а во 1808 година пак се вратил во Белград, каде се запознал со [[Доситеј Обрадовиќ]] за време на отворањето на Големото школо (''Велика школа''). Повторно, [[Ревматизам|ревматизмот]] и грчевите во левото колено го принудиле да оди на лекување, најпрвин во [[бања]]та [[Мехадија Херкулана]], во [[Банат]], [[Романија]], а потоа во [[болница]]та во [[Нови Сад]]. Меѓутоа, лекувањето не успеало и тој почнал да оди со подвиткана лева нога, служејќи се со бастун или со штака. Во 1810 година, почнал да се дружи со [[Сава Мркаљ]] и [[Лука Милованов]], негови претходници во реформата на [[Српски правопис|српскиот правопис]], а по враќањето во Белград се запознал со [[Сима Милутиновиќ Сарајлија]]. Во април 1811 година, заминал во [[Неготинска Краина]], по некое време бил назначен за управник на [[царина]]та во [[Кладово]], а подоцна и за судија и управител во Брза Паланка. Во 1813 година, Караџиќ заминал во Виена, каде се населил во предградието Ландштрасе и таму останал до крајот на животот. Следната година ја запознал Ана (Анета) Краус, петнаесетгодишната ќерка на виенскиот шивач Андреас Краус и на Ана Марија Краус (сопственичката на станот во Ландштрасе во кој живеел Караџиќ). Во 1816 година, сликарот Павел Ѓурковиќ го направил првиот портрет на Вук Караџиќ. Со Ана Краус се оженил во 1818 година, истата година им се родил синот Милутин, а до 1841 година Ана родила уште четири сина и осум ќерки. Притоа, синовите биле [[Крштевање|крстени]] по [[Православие|православниот]] обичај и носеле српски имиња, додека ќерките биле крстени по [[Католичка црква|католичките]] обичаи. Сепак, многу од децата умреле во младоста, а родителите ги надживеале само синот Димитрие и ќерката Мина (Вилхелмина).<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука СтефновићаСтефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 462-467.</ref>
 
Во август 1820 година, Караџиќ пристигнал во Србија и во [[Крагуевац]] го сретнал кнезот [[Милош Обреновиќ I|Милош]]. Во текот на 1823 година отпатувал во [[Касел]], [[Германија]], каде го посетил [[Јакоб Грим]], а потоа и во [[Вајмар]], во посета на [[Гете]]. Истата година, врз основа на то ашто веќе бил дописен член на научните друштва во [[Краков]] и [[Петербург]], ја добил титулата почесен доктор на науки на [[Универзитет во Лајпциг|Универзитетот во Лајпциг]]. Во 1825 година, за придонесот кон [[Словенска филологија|словенската филологија]], Караџиќ добил руска пензија, со указ на царот Николај. Во октомври 1829 година, на покана од кнезот Милош, Караџиќ дошол во Србија за да го преведе наполеоновиот кодекс за подготовката на српското законодавство. На почетокот на јануари 1830 година, повторно се вратил во Виена, а во мај се вратил во Србија, каде станал член на Општонародниот суд. Во септември истата година, се разболел и заминал во [[Земун]], каде чекал да добие пасош. Во 1831 година, кнезот Милош го поставил Караџиќ за претседател на судот и градот [[Белград]], така што на почетокот на април во Белград пристигнале сопругата Ана и децата, кои останале до мај, кога повторно се преселиле во Земун. Поради укинувањето на пензијата и тешката финансиска положба, во средината на септември, Караџиќ се преселил во Земун, со намера повеќе да не се враќа во Србија. Притоа, поради престојот во Србија, австриската [[полиција]] го сметала за агент на кнезот Милош, додека српската јавност го обвинувала дека бил поткупен од австриската власт да ги претвори [[Срби]]те во унијати. На 12 април 1832 година, Караџиќ го напишал своето познато писмо до кнезот Милош кое му го испратил дури во септември. Во него, тој му изразил верност и благодарност, но дал и остра критика на неговата власт, советувајќи го како во Србија да се воведат законите, да се среди школството, итн. Кон крајот на истата година, конечно добил дозвола од власта да го напушти Земун и со [[семејство]]то се преселил во Виена. Во 1834 година, откако го запознал [[Петар Петровиќ - Његош]], Караџиќ заминал во [[Цетиње]].<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука СтефновићаСтефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 468-474.</ref>
 
Во 1835 година, Караџиќ се смирил со кнезот Милош, кој му доделил пензија. Следната година, првпат го посетил [[Дубровник]], а во 1838 година патувал низ [[Хрватска]] ([[Кордун]], [[Лика]], [[Далмација]] и Приморјето). Во 1842 година, новата уставобранителска влада на Србија му ја укинала пензијата, а во 1844 година умрел неговиот најдобар пријател [[Јернеј Копитар]]. Следната година, во Виена, почнал да се дружи со Иван Мажураниќ, со Мирко Боговиќ и со другите младоилирци. Во 1848 година бил избран за член на Виенската академија, додека во 1850 година станал член на Берлинската академија и на Друштвото за [[Југославија|југословенска]] историја и старини (''Društvo za povjesnicu i starine jugoslavenske'') од [[Загреб]]. Во 1855 година, во Виена, го започнал пријателството со словенечкиот писател [[Фран Левствик]]. Во 1861 година бил избран за почесен граѓанин на Загреб и отпатувал во Цетиње поради преговори за заедничка борба на Србија и [[Црна Гора]] против [[Османлиско царство|Турското царство]]. Потоа, во 1862 и во 1863 година, повторно ја посетил Црна Гора. Во недела, на 7 февруари 1864 година, во својот стан на улицата „Мароканергасе“ бр. 3, Караџиќ работел со вообичаеното темпо, а според советот на лекарот, поладнето легнал да поспие. Вечерта, се разбудил и ја повикал ќерка си Мина, со желба да се напие вода од Коритата Иванбегови на [[Ловќен]], велејќи „ми се чини, веднаш ќе оздравам“. Откако Мина му донесла чаша вода, Вук Караџиќ ја испил, ја потпрел главата на перницата и умрел. Тој бил закопан на Санкт-Марксовите гробишта во Виена, каде бил погребен и Копитар, а на опелото присуствувале бројни пријатели, како: [[Иван Мажураниќ]], Миклошич, Острожински, Владан Ѓоршевиќ, итн. Во 1897 година, неговите посмртни остатоци биле пренесени во [[Белград]], каде биле свечено погребани во портата на Соборната црква, покрај [[Доситеј Обрадовиќ]].<ref>Дејан Михаиловић, „Хронологија живота и рада Вука СтефновићаСтефановића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 475-484.</ref>
 
==Творештво==