Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 32:
Во 1823 година, неговата збирка со народни песни и српската граматика биле преведени на [[Германски јазик|германски]], [[Чешки јазик|чешки]] и [[руски јазик]], а следната година излегла од печат првата книга „Народне српске пјесме“, со т.н. „женски песни“. Во 1825 година, на германски јазик, ја напишал биографијата на кнезот Милош, а без негово знаење, во Петербург излегол рускиот превод, благодарение на интригите на Михаил Герман, агентот на кнезот Милош, кој некако дошол до ракописот. Во 1826 година, во Виена, почнал да го објавува забавникот „Даница“ во кој биле застапени и народни песни и приказни, како и статии за одбрана на реформата на српскиот јазик. Во 1827 година, исто така, во Виена, Караџиќ го објавил делото „Први српски буквар“, претходно објавено во „Даница“, во 1826 година, со наслов „Оглед Српског буквара“. Во 1828 година, во [[Будим]], излегла неговата книга (на српски јазик) „Милош Обреновић, Књаз Сербији, или грађа за Српску историју нашега времена“. Следната година, во [[Хамбург]], врз основа на долгите разговори со Караџиќ, германскиот историчар Леополд Ранке ја објавил книгата „Српската револуција“. Во 1830 година, во Виена, го препишал преводот на [[Новиот завет]], а во ноември се обидел (неуспешно) да добие дозвола за неговото печатњење од кнезот Милош. Во 1831 година почнал да го пишува делото „Особита грађа за српску историју нашега времена“ кое кон крајот на годината го запечатил недовршено, со завет „да не се отвора до 1900 година“. Во декември 1832 година, кнезот Милош воспоставил [[цензура]] со која се забранувало печатење книги „кои би биле напишани со буквите ''љ'', ''њ'' и ''ј'' по [[ортографија]]та на познатиот писател Вук Стефановиќ Караџиќ“.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 469-474.</ref>
 
Во 1836 година, во Цетиње била објавена книгата „Народне српске пословице и друге различне као оне у обичај узете ријечи“ во која првпат Караџиќ првпат ја внесол буквата „х“ во српската [[кирилица]], зашто тој глас го слушнал во околината на [[Дубровник]] и во југозападна [[Црна Гора]]. Истата година, тој го напуштил [[Екавски изговор|екавското]] јотување на согласките „д“ и „т“ (на пример, „дјевојка“ наместо „ђевојка“, „тјерати“ наместо „ћерати“). Во 1837 година, во [[Штутгарт]], на германски јазик, ја објавил публикациата „Црна Гора и Црногорци“, а во 1839 година ја почнал дебатата со [[Јован Хаџиќ]], која траела повеќе години.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 475-477.</ref>
 
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]]. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот [[црковнословенски јазик]], и доближувајќи го до народниот јазик, особено до [[Херцеговина|источнохерцеговското]] наречје кое го зборувал. Заедно со [[Ѓуро Даничиќ]], Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од [[1850]] кој, со поддршка на [[Австрија|австриските]] власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Хрватска]].