Овес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
поврзница слама
Ред 36:
Овесниот леб за првпат е произведен во Британија, каде е основана и првата фабрика за овесен леб во 1899 година. Во Шкотска, овесниот леб до денес е високо ценет и е една од основните намирници во националната исхрана. Освен за леб, овесот бил користен како додаток за згуснување на супи, а во други земји, наместо овес, за истата цел бил користен јачменот или [[Ориз|оризот]].
 
Овесот се употребува како [[сточна храна]] за [[Коњ|коњи]], тогаш кога на коњите им се потребни дополнителни [[Јаглехидрат|јаглехидрати]] како извор на енергија. Зрното обично се крши со мелење, за да коњите можат подобро да го сварат, иако можат да се користат и цели зрна. За оваа цел може да се користи сам или како дел од смеса. Тој се користи и за исхрана на [[Домашно говедо|говедата]], во облик на цело зрно или грубо мелен. Овесната сточна храна често се користи во исхраната на сите [[Преживар|преживари]], во облик на свежа [[трева]], [[слама]], [[сено]] или [[силажа]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.feedipedia.org/node/500|title=Oat forage {{!}} Feedipedia|work=www.feedipedia.org|language=en|accessdate=2018-02-27}}</ref>
 
Зимскиот овес може да се искористи како вонсезонски покривач на земјата, а во пролет да се изора како зелено ѓубриво, или може да се жнее во тек на раните летни месеци. Исто така, може да се искористи и како пасиште, при што за пасење на домашните животни се користи одредено време, а потоа се остава за да созреат зрната за жнеење, но може непрекинато да се користи за пасење, додека не пораснат другите пасишта.<ref>{{Наведени вести|url=http://articles.extension.org/pages/13262/grazing-of-oat-pastures|title=Grazing of Oat Pastures - eXtension|access-date=2018-02-27|language=en}}</ref>
Ред 48:
Овесната трева традиционално била користена за медицински цели, на пример, како помошно средство во регулирањето на менструалниот циклус, при третирање на [[Дисменореа|дисменореи]], за [[остеопороза]] и [[Инфекција на уринарниот тракт|инфекција на уринарните патишта]].<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=8AJkBmPDRUUC&redir_esc=y|title=Handbook of Medicinal Herbs, Second Edition|last=Duke|first=James A.|date=2002-06-27|publisher=CRC Press|isbn=9781420040463|language=en}}</ref>
 
Во Кина, овесното брашно (avena nuda), наречено "јоумјен"„јоумјен“ се користи за подготовка на нудли или тенки ролни кои се консумираат како примарна храна.<ref>{{Наведени вести|url=https://chinafoodingredients.wordpress.com/2017/04/20/i-love-you-what-chinese-do-with-oat/|title=I Love You – what Chinese do with oat|date=2017-04-20|work=Peverelli on Chinese food and culture|access-date=2018-02-27|language=en-US}}</ref>  
 
=== Производи од овес ===
Ред 92:
Овесот е значајна компонента во диеталната исхрана на болните. Содржи голем број на важни витамини и минерали. Се користи за лечење на [[слабокрвност]], разни воспалителни промени на [[Систем за варење|дигестивниот систем]], а делува и на регенерација на целиот организам.
 
Купки подготвени од овесна слама помагаат при одредени кожни заболувања, болести на [[црн дроб|црниот дроб]], [[бубрег|бубрезите]], [[Бубрежен камен|камчиња во бубрези]], [[гихт]], при ревматски потешкотии и вкочанетост.
 
Овесот делува благопријатно на нервниот систем. Се препорачува на лицата кои страдаат од несоница, психички замор, анксиозност и депресија. Фармацевтската индустрија произведува алкохолни тинктури на овес, кои се користат како средство за смирување (седатив).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Овес