Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 28:
Во 1815 година, Караџиќ ја објавил втората книга со народни песни, „Народна србска пјеснарица“, а следната година ја почнал работата на првиот српски речник. Во 1817 година, тој работел како уредник на весникот „Новине сербске“ во кои почнал да ги објавува првите рецензии, прегледи, критики и поучни статии. По двегодишна заедничка работа со Копитар, во 1818 година, Караџиќ го објавил „Српски рјечник“ кој сидржел 26.270 зборови со објаснување на [[Германски јазик|германски]] и [[латински јазик]]. Притоа, по долго размислување и советување со Копитар и со Мушицки, Караџиќ се определил за [[Фонетика|фонетскиот]] наместо [[Етимологија|етимолошкиот]] правопис (на пример, „српски“ наместо „србски“), како и за 29 букви во азбуката (без буквата „х“ бидејќи сметал дека тој глас не се слуша во [[Српски јазик|српскиот јазик]]). Во однос на азбуката, тој дал ги предложил буквите „љ“, „њ“, „ђ“ и „ћ“ како замена на разните црковнословенски комбинации или руските букви „я“ и „ю“, а за првпат во [[кирилица]]та ги воведол буквите „џ“ (од некои стари ракописи) и „ј“ (позајмена од [[латиница]]та). Токму воведувањето на латиничната буква „ј“ била причина [[Милош Обреновиќ I|кнезот Милош]], [[Српска црква|српската црква]] и писателот М. Видаковиќ остро да го нападнат. Во 1819 година, Караџиќ пристигнал во [[Санкт Петербург]], каде се запознал со бројни писатели, историчари, [[Славистика|слависти]] и [[Лингвистика|лингвисти]] при што таму оставил 30 копии од српскиот речник. Во август 1820 година пристигнал во [[Србија]], каде собирал народни песни и умотворби и ретки ракописи по [[Црква (објект)|црквите]] и [[манастир]]и. Истата година, тој добил орден од Руската академија за „Српскиот речник“. Во 1821 година, во „Новине сербске“ ги објавил „Српске народне приповијетке“ како посебна книга, составена од 12 приказни.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 466-468.</ref>
 
Во 1823 година, неговатнеговата збирка со народни песни и српската граматика биле преведени на [[Германски јазик|германски]], [[Чешки јазик|чешки]] и [[руски јазик]], а следната година излегла од печат првата книга „Народне српске пјесме“, со т.н. „женски песни“. Во 1825 година, на германски јазик, ја напишал биографијата на кнезот Милош, а без негово знаење, во Петербург излегол рускиот превод, благодарение на интригите на Михаил Герман, агентот на кнезот Милош, кој некако дошол до ракописот. Во 1826 година, во Виена, почнал да го објавува забавникот „Даница“ во кој биле застапени и народни песни и приказни, како и статии за одбрана на реформата на српскиот јазик. Во 1827 година, исто така, во Виена, Караџиќ го објавил делото „Први српски буквар“, претходно објавено во „Даница“, во 1826 година, со наслов „Оглед Српског буквара“. Во 1828 година, во [[Будим]], излегла неговата книга (на српски јазик) „Милош Обреновић, Књаз Сербији, или грађа за Српску историју нашега времена“. Следната година, во [[Хамбург]], врз основа на долгите разговори со Караџиќ, германскиот историчар Леополд Ранке ја објавил книгата „Српската револуција“. Во 1830 година, во Виена, го препишал преводот на [[Новиот завет]], а во ноември се обидел (неуспешно) да добие дозвола за неговото печатњење од кнезот Милош. Во 1831 година почнал да го пишува делото „Особита грађа за српску историју нашега времена“ кое кон крајот на годината го запечатил недовршено, со завет „да не се отвора до 1900 година“.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 469-472.</ref>
 
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]]. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот [[црковнословенски јазик]], и доближувајќи го до народниот јазик, особено до [[Херцеговина|источнохерцеговското]] наречје кое го зборувал. Заедно со [[Ѓуро Даничиќ]], Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од [[1850]] кој, со поддршка на [[Австрија|австриските]] власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Хрватска]].