Вук Караџиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнување
Ред 21:
Во 1804 година, кога избувнало Првото српско востание, Караџиќ бил во четата на Ѓорѓе Ќурчија, служејчќи како негов личен писар. Поради болки во [[коски]]те и згрчената лева [[нога]], во март 1805 година заминал во [[Сремски Карловци|Карловци]], каде го продолжил школувањето, а некое време негов учител бил [[калуѓер]]от и [[поет]] [[Лукијан Мушицки]]. Потоа, во 1806 година, заминал во [[Петриња]], каде го учел [[Германски јазик|германскиот јазик]]. Пролетта 1807 година преминал во ослободениот [[Белград]], некое време бил писар на востаничките старешини низ Србија, а во 1808 година пак се вратил во Белград, каде се запознал со [[Доситеј Обрадовиќ]] за време на отворањето на Големото школо (''Велика школа''). Повторно, [[Ревматизам|ревматизмот]] и грчевите во левото колено го принудиле да оди на лекување, најпрвин во [[бања]]та [[Мехадија Херкулана]], во [[Банат]], [[Романија]], а потоа во [[болница]]та во [[Нови Сад]]. Меѓутоа, лекувањето не успеало и тој почнал да оди со подвиткана лева нога, служејќи се со бастун или со штака. Во 1810 година, почнал да се дружи со [[Сава Мркаљ]] и [[Лука Милованов]], негови претходници во реформата на [[Српски правопис|српскиот правопис]], а по враќањето во Белград се запознал со [[Сима Милутиновиќ Сарајлија]]. Во април 1811 година, заминал во [[Неготинска Краина]], по некое време бил назначен за управник на [[царина]]та во [[Кладово]], а подоцна и за судија и управител во Брза Паланка. Во 1813 година, Караџиќ заминал во Виена, каде се населил во предградието Ландштрасе и таму останал до крајот на животот. Следната година ја запознал Ана (Анета) Краус, петнаесетгодишната ќерка на виенскиот шивач Андреас Краус и на Ана Марија Краус (сопственичката на станот во Ландштрасе во кој живеел Караџиќ). Во 1816 година, сликарот Павел Ѓурковиќ го направил првиот портрет на Вук Караџиќ. Со Ана Краус се оженил во 1818 година, истата година им се родил синот Милутин, а до 1841 година Ана родила уште четири сина и осум ќерки. Притоа, синовите биле [[Крштевање|крстени]] по [[Православие|православниот]] обичај и носеле српски имиња, додека ќерките биле крстени по [[Католичка црква|католичките]] обичаи. Сепак, многу од децата умреле во младоста, а родителите ги надживеале само синот Димитрие и ќерката Мина (Вилхелмина).<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 462-467.</ref>
 
Во август 1820 година, Караџиќ пристигнал во Србија и во [[Крагуевац]] го сретнал кнезот [[Милош Обреновиќ I|Милош]]. Во текот на 1823 година отпатувал во [[Касел]], [[Германија]], каде го посетил [[Јакоб Грим]], а потоа и во [[Вајмар]], во посета на [[Гете]]. Истата година, врз основа на то ашто веќе бил дописен член на научните друштва во [[Краков]] и [[Петербург]], ја добил титулата почесен доктор на науки на [[Универзитет во Лајпциг|Универзитетот во Лајпциг]]. Во 1825 година, за придонесот кон [[Словенска филологија|словенската филологија]], Караџиќ добил руска пензија, со указ на царот Николај. Во октомври 1829 година, на покана од кнезот Милош, Караџиќ дошол во Србија за да го преведе наполеоновиот кодекс за подготовката на српското законодавство. На почетокот на јануари 1830 година, повторно се вратил во Виена, а во мај се вратил во Србија, каде станал член на Општонародниот суд. Во септември истата година, се разболел и заминал во [[Земун]], каде чекал да добие пасош. Во 1831 година, кнезот Милош го поставил Караџиќ за претседател на судот и градот [[Белград]], така што на почетокот на април во Белград пристигнале сопругата Ана и децата, кои останале до мај, кога повторно се преселиле во Земун. Поради укинувањето на пензијата и тешката финансиска положба, во средината на септември, Караџиќ се преселил во Земун, со намера повеќе да не се враќа во Србија. Притоа, поради престојот во Србија, австриската [[полиција]] го сметала за агент на кнезот Милош, додека српската јавност го обвинувала дека бил поткупен од австриската власт да ги претвори [[Срби]]те во унијати.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 468-472.</ref>
Во август 1820 година, Караџиќ пристигнал во Србија и во [[Крагуевац]] го сретнал кнезот [[Милош Обреновиќ I|Милош]].<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 468.</ref>
 
==Творештво==
[[Фолклористика|Фолклористичката]] и [[Лингвистика|лингвистичката]] дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува [[Кладово]], [[Неготин]] и другите населени места, како и да ги запишува [[Јазик|јазичните]] обележја на тој регион. Потоа, во 1813 година, во [[Виена]] се запознал со [[Димитрие Давидовиќ]] и со [[Димитрие Фрушиќ]] и почнал да соработува со нивниот весник „Новине сербске из царствујушчега града Вијене“ кој излегувал од 1813 до 1822 година. Во него, Караџиќ ја почнал борбата за замена на црковносрпскиот јазик со народниот говор. Во Виена, кон крајот на 1813 година, се запознал и со [[Јернеј Копитар]], [[Цензура|цензор]] на неговата прва книга „Правителствујушчи совјет сербски за времена Кара-Ђорђијина“ која не добила дозвола за печатење. Токму Копитар го убедил, покрај запишувањето на народните песни, да почне да ги запишува и зборовите и [[граматика]]та. Како резултат на тоа, во 1814 година, во Белград ја објавил книгата „Мала простонародња славено-сербска пјеснарица“, во тираж од 1.500 примероци. Караџиќ ја испечатил книгата на сопствен трошок, како и благодарение на бројните претплатници чии имиња биле отпечатени на крајот од секој примерок. Кон крајот на истата година ја објавил и книгата „Писменица сербскога језика“, користејќи ја реформираната [[кирилица]] на Сава Мркаљ. Книгата била придружена со мал проглас во кој бил даден осврт кон [[Српска книжевност|српската книжевност]] и кон проблемите на српскиот правопис и [[Српска граматика|српската граматика]].<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 464-465.</ref>
 
Во 1815 година, Караџиќ ја објавил втората книга со народни песни, „Народна србска пјеснарица“, а следната година ја почнал работата на првиот српски речник. Во 1817 година, тој работел како уредник на весникот „Новине сербске“ во кои почнал да ги објавува првите рецензии, прегледи, критики и поучни статии. По двегодишна заедничка работа со Копитар, во 1818 година, Караџиќ го објавил „Српски рјечник“ кој сидржел 26.270 зборови со објаснување на [[Германски јазик|германски]] и [[латински јазик]]. Притоа, по долго размислување и советување со Копитар и со Мушицки, Караџиќ се определил за [[Фонетика|фонетскиот]] наместо [[Етимологија|етимолошкиот]] правопис (на пример, „српски“ наместо „србски“), како и за 29 букви во азбуката (без буквата „х“ бидејќи сметал дека тој глас не се слуша во [[Српски јазик|српскиот јазик]]). Во однос на азбуката, тој дал ги предложил буквите „љ“, „њ“, „ђ“ и „ћ“ како замена на разните црковнословенски комбинации или руските букви „я“ и „ю“, а за првпат во [[кирилица]]та ги воведол буквите „џ“ (од некои стари ракописи) и „ј“ (позајмена од [[латиница]]та). Токму воведувањето на латиничната буква „ј“ била причина [[Милош Обреновиќ I|кнезот Милош]], [[Српска црква|српската црква]] и писателот М. Видаковиќ остро да го нападнат. Во 1819 година, Караџиќ пристигнал во [[Санкт Петербург]], каде се запознал со бројни писатели, историчари, [[Славистика|слависти]] и [[Лингвистика|лингвисти]] при што таму оставил 30 копии од српскиот речник. Во август 1820 година пристигнал во [[Србија]], каде собирал народни песни и умотворби и ретки ракописи по [[Црква (објект)|црквите]] и [[манастир]]и. Истата година, тој добил орден од Руската академија за Српскиот„Српскиот речникречник“. Во 1821 година, во „Новине сербске“ ги објавил „Српске народне приповијетке“ како посебна книга, составена од 12 приказни.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 466-468.</ref>
 
Во 1823 година, неговат збирка народни песни и српската граматика биле преведени на [[Германски јазик|германски]], [[Чешки јазик|чешки]] и [[руски јазик]], а следната година излегла од печат првата книга „Народне српске пјесме“, со т.н. „женски песни“. Во 1825 година, на германски јазик, ја напишал биографијата на кнезот Милош, а без негово знаење, во Петербург излегол рускиот превод, благодарение на интригите на Михаил Герман, агентот на кнезот Милош, кој некако дошол до ракописот. Во 1826 година, во Виена, почнал да го објавува забавникот „Даница“ во кој биле застапени и народни песни и приказни, како и статии за одбрана на реформата на српскиот јазик. Во 1827 година, исто така, во Виена, Караџиќ го објавил делото „Први српски буквар“, претходно објавено во „Даница“, во 1826 година, со наслов „Оглед Српског буквара“. Во 1828 година, во [[Будим]], излегла неговата книга (на српски јазик) „Милош Обреновић, Књаз Сербији, или грађа за Српску историју нашега времена“. Следната година, во [[Хамбург]], врз основа на долгите разговори со Караџиќ, германскиот историчар Леополд Ранке ја објавил книгата „Српската револуција“. Во 1830 година, во Виена, го препишал преводот на [[Новиот завет]], а во ноември се обидел (неуспешно) да добие дозвола за неговото печатњење од кнезот Милош. Во 1831 година почнал да го пишува делото „Особита грађа за српску историју нашега времена“ кое кон крајот на годината го запечатил недовршено, со завет „да не се отвора до 1900 година“.<ref>„Хронологија живота и рада Вука Стефновића Караџића“, во: Вук Караџић, ''Српске народне приповијетке''. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 469-472.</ref>
 
Караџиќ го реформирал српскиот книжевен јазик и ја изменил и стандардизирал [[српска азбука|српската азбука]] со тоа што ги следел строг [[фонема|фонемски]] принципи засновани на моделот на германскиот граматичар [[Јохан Кристоф Аделунг]]. Овие реформи го модернизирале српскиот книжевен јазик, оддалечувајќи го од српскиот и рускиот [[црковнословенски јазик]], и доближувајќи го до народниот јазик, особено до [[Херцеговина|источнохерцеговското]] наречје кое го зборувал. Заедно со [[Ѓуро Даничиќ]], Караџиќ бил главниот српски потписник на Виенскиот договор од [[1850]] кој, со поддршка на [[Австрија|австриските]] власти, ги поставил темелите на српскиот јазик, чии разни форми денес се користат во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Хрватска]].